Thursday, April 3, 2014

„НОВОМАТИК“ ГИ ЗАГРИЖИ ГРЧКИТЕ КАЗИНА




Грчките казино-оператори стравуваат дека би можеле да загубат уште повеќе коцкари во соседната Република Македонија, откако австрискиот коцкарски гигант „Новоматик“ повторно отвори казино на границата на двете земји. Вака ја почнува својата анализа „Гемблинг комплајанс“, онлајн-издавач на правни, регулаторни и бизнис информации за глобалната индустрија на игри, објавена на 25 минатиот месец, откако австриската компанија „Новоматик“ стана целосен сопственик на популарното казино-хотел „Фламинго“ во Гевгелија, плаќајќи за него, како што објавија овдешните медиуми, 20 милиони евра.

„Утрински“ веднаш по објавувањето на зделката пред десетина дена побара од раководството на „Фламинго“ повеќе детали за трансакцијата, за доходовноста на овој бизнис, како и за очекувањата на новиот сопственик. Одговор добивме директно од „Новоматик“, во кој компанијата наведува дека најмногу може да ни помогне статијата на „Гемблинг комплајанс“. Според овој текст, „Новоматик“ соопштил дека го купил казиното „Фламинго“, едно од најголемите казина во Македонија, за, како што навеле, да ја задоволат побарувачката кај грчките коцкари. Според „Новоматик“, досегашните нивни инвестиции во земјава изнесуваат 40 милиони евра, а по нив следува и купувањето на „Фламинго“.

Главниот извршен директор на „Новоматик“, Франц Волфарт, вели дека казината во Грција „не можат да ја задоволат побарувачката“, бидејќи грчките коцкари ги преполнуваат местата околу автоматите на компанијата.

Димитрис Панагеас, правен советник за најголемото казино во Грција, „Клуб-хотел Лутраки“, вели дека преземањето од „Новоматик“ на работата на казиното „Фламинго“ предизвикува загриженост кај грчките оператори.

„Тоа е голем оператор и јас очекувам дека грчките казина ќе имаат потешкотии и ќе загубат многу клиенти на тој пат. Јас сум убеден дека ’Новоматик‘ ќе вложи некои инвестиции во казиното и дека соодветно ќе привлече повеќе клиенти, дури и од Грција, бидејќи многу Грци веќе ги посетуваат казината во Македонија“, истакнува Панагеас.

Според анализата, „Новоматик“, кој е еден од најголемите производители на автомати во Европа, се очекува да се фокусира на рекламирање на 470 коцкарски апарати за казино, повеќе отколку мошне помалата сегашна колекција од 34 коцкарски маси.

„’Новоматик‘ ќе вложи пари во тоа, ќе го донесат Ники Лауда и ќе имаат големи главни добивки. Целата маркетиншка филозофија околу ’Новоматик‘ ќе биде за производот од автоматите“, вели Ијан Гослинг, главен извршен директор на „Реџенси ентертејмент“, кој работи со две казина во Грција.

Во статијата се потенцира дека казиното „Фламинго“ се наоѓа во коцкарскиот центар Гевгелија, на пет часа од Атина и само еден час од Солун, вториот најголем град во Грција и главен транспортен центар за остатокот од Југоисточна Европа.

Според грчките оператори, трите големи казина на границата на Македонија „Принцес казино“, „Хотел Аполонија“ и „Фламинго“ привлекуваат само грчки коцкари. „Единствената причина поради која тие се таму е да ги насочат грчките коцкари од Солун и другите мали градови кои се наоѓаат на грчката граница“, изјавил Гослинг, кој раководи со огромно казино на „Реџенси“ во Солун. „Многу пари ја минуваат грчката граница и трговците на Солун апелираат кај владата дека таа треба да направи нешто околу тоа, бидејќи сите губиме пари. Казиното ја губи работата, но и многу други бизниси губат работа, бидејќи е поевтино да се наполни бензин, да се посети стоматолог или супермаркет од другата страна на границата“, вели Гослинг. Близината на Гевгелија и потрошувачката моќ на еврото се причините поради кои е поевтино луѓето да ги посетуваат казината во Македонија отколку трите грчки казина во северниот дел на Грција. „Македонскиот пазар не е голем пазар, но е многу атрактивен и се' се сведува на тоа колку се трошоците за работа на казиното“, изјави Панагеас, додавајќи дека не можат да се споредат трошоците за работа меѓу грчките казина со оние на „Фламинго“ или други казина во таа област.

Инаку, се вели во анализата, казината во Гевгелија силно се рекламираат во Грција и за нив е вообичаено да организираат настани и да нудат бесплатен хотелски престој.





Превземено од Утрински










.

Wednesday, March 5, 2014

ДНЕВНИКОТ НА САВА МИХАЈЛОВ ( 2 дел )




      ...Уште како ученик во Цариград во мене почна да се раѓа идеја за
независност од Турците.Кога учев во Солун ,во 7 клас,имавме таен собир во
училиштето и дознав дека Даме Груев,кој тогаш се наоѓаше во Штип,спрема некаква
револуција.Но дали имаше организација-не знаев.
Таму тајно ни доставуваа весници: ГЛАС
МАКЕДОНСКИ,ПРАВО,АВТОНОМИЈА,ДРУГАРИ,СОЦИЈАЛИСТИ.Кога заминав во
Кавадарци како учител сеуште не бев посветен на делото.Во тоа време во
Кавадарци веќе имаше формирано комитет кој постоеше од 1894 година.Тој комитет
беше формиран од Даме Груев пред да замине во Штип.Во тоа време комитетот
броеше само три члена.Тогаш излегуваше весникот “Бунтовник“ кој се печатеше во
централниот комитет во Солун каде што член беше и Даме Груев,како инспектор за
солунските училишта.

Еден од другарите,Иван Мишев,беше претседател на комитетот во Кавадарци.Тој ми
ги прочита правилата на организацијата,но не сакаше да дадам свечена заклетва
пред кама и револвер.Оттогаш станав член на организацијата (кон крајот на 1895 г.)
Главниот учител во Кавадарци,Канчев,беше човек на османлиите.Осети кај мене
нешто и под казна ме префрли во с.Ракита.
Во ова село уште ништо не се знаеше за организацијата.Имаше само една
учителка,па заедно со неа почнавме да го подучуваме месното население.Како член
на комитетот бев задолжен да ги издавам членските книшки.Почнаа да се
зачленуваат и учители од сите околни села,освен од с.Кајлари-таму беше чисто турско население.



                                                Михајлов,Сандански и Асенов


Откога почнавме да ја шириме идејата за организацијата бев во постојан контакт со
Пере Тошев од Битола.Преку него контактирав и со централниот комитет во Солун
со шифрирани писма.Не останав долго во с.Ракита.
Си дадов оставка и отидов во Неготино.Таму ме назначија за главен учител на
второкласното училиште.

И овдека имаше комитет,чија главна задача беше
организирање и зголемување на бројот на членовите од околината.Потоа бев
префрлен во с.Богданци(Гевгелиско).И овде имаше основано комитет од еден мој
поранешен другар од солунската гимназија,кој предавал овде додека јас бев во
Кавадарци.Членовите веќе имаа набавено пушки и револвери од Бугарија.Нашите
членови ги пренесуваа преку канали од Струмичко.

Кога дојдов во Гевгелија бев член на раководното тело на комитетот.Претседателот
Андон Костов,од Дојран,беше главен учител.Член исто така беше и Аргир Манасиев
од с.Сеово(Гевгелиско),кој исто така беше учител.Тогаш се случи Валандовската
афера (1898-99).

Ние веќе во Гевгелија имавме формирано чета,една од првите.Некои луѓе од
Солун,терористи,извршиле некои напади во Солун и беа пребегале во
Гевгелиско.Нашата чета одеше по селата и го штитеше населението од нив.Почнаа
да се придружуваат и други,па четата порасна на 12 души.Се разделивме во три
чети,од која едната замина за Ениџе.
Потоа во Гевгелија пристигна Михаил Попето од четата на Гоце Делчев.И тој
пристигна со мала чета,5-6 души,и почнаа да дејствуваат во духот на организацијата.







....продолжува


.


Monday, February 24, 2014

ДНЕВНИКОТ НА САВА МИХАЈЛОВ ( 1 дел)


Предговор:

Сава Михајлов,како учител во с.Кавадарци се приклучува на организацијата.Во Гевгелија тој е поставен да раководи со организацијата.Во Софија ја воочува опасноста за организацијата од страна на врховистите и решава да се бори против нив.Михајлов во Џумајско се среќава со Сандански и Чернопеев каде што учествува и во аферата Мис Стон.



                 Моето име е Сава Михајлов,роден сум во с.Мачуково,Гевгелиско.
Образованието го започнав во родното село,а потоа продолжив до 4 клас во Цариград до 1892 година.Во Солунската гимназија учев од 5-7 клас (1892-1895 год.).
 Во 1895 година бев назначен за учител во с.Кавадарци,потоа во 1896 во с.Рикита и во с.Неготино до 1897 година.
Во 1898 год. бев префрлен во с.Богданци (Гевгелиско),а потоа и во Гевгелија до 1900 година.

Во 1901 год. преминав во четата на Јане Сандански се до земањето пари за Мис Стон.






          Потоа заминав во Софија,каде претстојував до 24 јануари 1902 год. со Крсто Асенов и Јане Сандански.Во Македонија се вратив на 6 април заедно со Сандански каде останавме до крајот на мај.Бев повикан од Сарафов да се вратам во Софија.

На 10 јануари 1903 год. заедно со Сарафов и со својата чета од 10 души преку Кочанско тргнавме накај Гевгелија.Попат ,во Малешевијата се сретнав со Крсто Асенов,зедовме 10-12 товара динамит и оружје и ги префрливме во Кукуш и Солун.
Откога ја завршив задачата,од Солун се вратив во Гевгелија и таму останав за враме на Илинденското востание.







продолжува...





.

Wednesday, October 2, 2013

СРЕБРЕНА ВОДА





Kолоидната сребрена вода е добиена со електролиза на чисто 99.99% сребро во чиста дестилирана и де минерализирана вода. се работи за јони и колоиди на сребро. му користи на организмот во превенција и лечење на инфективни болести, како и за јакнење и подобрување на организмот, повеќе од било кој друг познат препарат.

делува како катализатор-блокира одредени ензими кои бактериите, вирусите и габичките го користат во својот метаболизам. во контакт со среброто овие причинители на болести брзо остануваат без кислород и храна и се распаѓаат. тие се отстрануваат од организмот со имунолошкиот систем, лимфниот систем и органите за излачување. овај процес е толку брз и ефективен што ниеден микроорганизам не може да мутира и стекне резистентност на сребрените јони, освен неколку и тоа оние кои му се потребни на организмот да ја разложат храната во основни материи. честичките од сребро се многу мали и не прават никаква штета врз нашите ќелии, за разлика од другите антибиотици, па затоа е препорачливо за мали деца па и за трудници.

најновите светски истражувања докажуваат дека среброто е вистинско чудо кое може да уништи повеќе од 650 видови на микроорганизми, за разлика од другите антибиотици кои уништуваат одвај по неколку видови, правејки при тоа голема штета врз човечките ќелии. потврдени се регенеративните својства на џигерот, коските, меките ткива, кожата, косата па дури и на мозокот( иако досега се сметаше дека тоа не е можно), потврдено е и јакнење на имунолошкиот систем, а со тоа се зголемува расположението, силата и виталноста.

како минерал среброто треба да се внесе преку исхраната. го има во морската крупна, а не ситна сол, како и во растенијата, меѓутоа поради испостеноста на почвата како и употребата на вештачките ѓубрива во растенијата недостасуваат битни метали и минерали како што се јодот, среброто, златото,цинкот, платината, индиумот, германиумот, бакарот и др. затоа нашиот одбранбен систем е многу намален и резултира со енормно ширење на болести . сребрената вода било главно средство за лечење во официјалната медицина, меѓутоа со воведувањето на новите методи на пастер овој лек се повлекува од пазарот на кој се продавал по висока цена. во 1983 министерството на здравје на сад го призна како лек и дозволи да се продава без рецепти, со што се потврдува фактот дека не постои никаква штета од него.




што е колоидно сребро ?



тоа е дестилирана, де минерализирана вода во која со помош на електролиза се раствора чисто 99.99% сребро и тоа 0.001 микрон во пречник и концентрација од 5 мм. што значи на милион честички вода има 5 честички сребрени јони. на јоните не делува гравитација, па тоа не се таложи на дното. лесно се раствора во организмот, за разлика од другите антибиотици кои се во форма на кристали и мора да се разложат, па така уништуваат и дел од цревната флора. среброто оди директно во крвта пред да стигне во бубрезите, па го нема ова несакано дејство. во растворот на сребрената вода не можат да опстанат повеќе од неколку минути ни најотпорните микроорганизми па затоа и наса го користи за разни нешта во своите космички летала..



болести кои се лечат



звучи изненадувачки списокот на болести кои се лечат, меѓутоа во суштина сребрената вода само ги уништува микроорганизмите секаде каде ги има .

таа лечи болести како: акни, алергии, воспаление на слепо црево, инфекции на мочен меур, труење на крвта, чиреви, изгореници, кандида, циститис, првут, дерматитис, дифтерија, дијареја од различно потекло, инфекции на уво, егземи, инфекции, ешерихија коли, бактериски и вирусни инфекции на око, гастритис, гонореа, поленска грозница, херпес, импетиго-гнојна егзема, лошо варење, воспаление на лимфни жлезди, воспаление на обвивката на белите дробови, зголемување и инфекција на простата, псоријаза, кијавица, реума, опаѓање на косата, воспаление на синуси, стомачен грип, инф.на кожата, чир на желудник, брадавици и израстоци, воспаление на грло, кариес, парадентоза, непријатен здив и др.



начин на користење



се користи секојдневно, а може и како превентива. не се зема со метална лажица. се зема 3 до 5 пати на ден по една лажица или голтка на гладно и при тоа се чува 10 се. во устата заради дезинфекција на устата, забите и грлото. со ова се чисти организмот од секакви микроорганизми и паразити, се регулира метаболизмот и телесната тежина. со заштита на системот на жлездите со внатрешно лачење се забрзува регенерацијата во однос на оксидацијата од страна на слободните радикали (нагризувачи) со што се забавува стареењето. кај акутни инфекции се препорачува 3-4 лажици на секои 2 часа. потребно е тоа да трае неколку недели по излекувањето. со ова ќе се уништат и некои други инфекции што не сте ни знаеле дека ги имате.

за кожни и надворешни инфекции и изгореници се применува и надворешно, со спреј. може да се инхалира спреј кај болести на респираторен систем. се применува и кај животните на истиот начин.

да напоменеме дека со овој вид на лекување, како и во медицината, се лекуваат последиците, а не причините на болестите. причините се во нас самите (нервозите, стресот, критичкото размислување, љубомората, зависта,чувството дека не сме доволно сакани, несигурноста,стравот и чувството на отфрленост). овие чувства ја трошат енергијата на мозокот, –меѓутоа, како најважен орган, тој црпи енергија од другите органи и така настануваат најразлични оштетувања. други причини се штетните влијанија од надвор, лошата храна, отрови, електромагнетни полиња, подземни води и др.

познати се многу излекувања со помош на сребрената вода и тоа: разни канцерогени состојби (подолга употреба),тумори како и труење, дијабетес во двата облика, со додатни диети.

се лекуваат и алергии, астма, хепатитис ц (без интерферон), а има и случаи на излекување мултиплекс склероза.




без оглед на благотворното дејство на колоидната сребрена вода, не се исклучува советување со лекар.