Wednesday, June 15, 2011

Во „Алшар" се скриени безброј мали сонца!



Познатиот научник, професорот по геолошки науки, д-р Блажо Боев, открива една не толку позната работа кај јавноста. Тој специјално за "Утрински весник" изјави:

- Во македонскиот рудник ?Алшар" на Кожуф има и лорандит, минерал на талиумот, кој служи за да се детектира, да се лоцира неутринот, кој пак има директно потекло од Сонцето и единствено на планетата го има тука. Талиумот во ?Алшар", а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето. Футурустички, ако во тоа успееме, човекот, буквално, ќе може да произведува мали сонца, кои, по негова желба, ќе можат да се палат и да се гасат. Но, тоа е веќе длабока физика, а сепак е возможно, бидејќи го имаме ?Алшар", а со него и таа можност. Како научник, на светските геолошки конгреси, моите колеги со најголемо внимание се однесуваат кон мене бидејќи знаат дека го испитувам богатството на ?Алшар". Овој рудник во светската наука е извор за проучување на минатото и на иднината на вселената. Мојата единствена борба е овој македонски рудник да се заштити од страна на државата и да се прогласи како геолошки планетарен раритет.

Во и околу рудникот ?Алшар" на Кожуф, во чија утроба, како што тврдат светски и домашни научници, ги има голем број минерали од Менделеевиот систем. Таму, каде што го има лорандитот за детектирање на неутринот, од пред две години но и сега се забележуваат многу непознати лица, авантуристи, странски и домашни копачи на ретка руда кои, во плетени вреќи со оловни жици, отпорни на ураниумски или на други опасни зраци што зрачат од ретките руди во ?Алшар", ја вадат ретката руда и со автомобили и комбиња ја носат во непознат правец.

- До пред неколку недели, хеликоптери на МВР, но и хеликоптери со ознаки на НАТО, многу често надлетуваа над или слетуваа на рамните полјанки до рудникот, или со висечка сонда, обесена на хеликоптерот, го снимаа местото и длабочината на рудникот. Некои со помош на сондите копаа и земаа примероци од утробата. Пред неколку дена во рудникот влезе еден странец, Англичанец, кој во селово Мајден дојде со уште двајца мажи и една жена-преведувачка. И јас бев со нив. Тој нешто земаше, некаква светликава руда. Во Мајдан има руда со секаква боја. Она што го има внатре, го нема на друго место на Земјава. Во подземната темница разните светлечки минерали со секаква боја го покажуваат патот во длабочината, ни рече Илија Васов од соседното село Рожден.

Најстариот жител на Мајден, Никола Бинов, пак, вели: - Стар сум и не можам многу да спијам. Постојано сум на нозе. Ноќе и дење. Во последниве две-три години низ селово, а потоа кон ?Алшар", што е на две-триста метри од овде, одат и се враќаат непознати луѓе со автомобили и комбиња со и без регистарски таблички. Најмногу од нив се со бугарски национални ознаки. Знам дека сите тие бараат ретка руда, а најмногу злато и талиум. Двапати со мои очи сум ги видел донеодамнешните министри Љубе Бошкоски и Марјан Ѓорчев. Сум слушал дека Бошкоски се интересира за златото во ?Златица" и некои други рудници околу Кратово. Истото и овде се случува. Поминувале непознати, товарале руда од ?Алшар" и заминувале. Едно време, до пред осум-девет месеци кај ?Алшар" имаше тројца непознати коишто шетаа со оружје, ни рече Бинов.

Неговиот близок роднина Трајче Бинов, со кого патувавме кон ?Алшар", нў уверуваше дека тој често пати, во последните три години, од за него непознати луѓе бил земан како водич низ рудникот. Тој ни откри дека му се случило заедно со уште тројца непознати од Скопје, кои дошле со службен џип, не сакаше да каже од која и каква служба, заскитале во најдолгата( како што ни рече, над 5.000 метри) подземна јама на ?Алшар" и девет часа не можел да им го покаже патот кон излезот. Во тие часови, еден од скопјаните, во кожени кесиња ставал различна земја од рудникот. Во рудникот, продолжи Трајче, доаѓале најмногу странци од Бугарија и од Австрија. Како што дознал од некои од нив, Австријците најмногу се интересирале за ?Алшар" откако во Виена, пред дваесетина години дошол некој белграѓанец, професор по геологија, и таму пред повеќемина научници-геолози првпат одржал предавање за сў што се наоѓа во подземјето до неговото село. Бинов,, меѓу другото, додаде и тоа дека интересирањето на нашинциве, но и на странците за некакви спортски објекти на Кожуф не било ништо друго, туку да бидат близу до окната и да го експлоатираат ?Алшар".

Рудникот ?Алшар" се наоѓа триста метри од малото село Мајден, на патот Ваташа-грчка граница во длабочината на Кожуф, во Општина Конопиште. Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори во земјата. Во него, над пет илјади години се копа злато, талиум, кристали на лорандитот, антимон кој служи за легирање на тешкото оружје и други минерали што ги има само во овој рудник. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри со калдрма, денес многу оштетена. Тоа го тврдат селаните-рудари од Мајден, Рожден, Мрежичко и од Кнопишта, со кои разговаравме, но и научници и стручњаци кои не се многу расположени да зборуваат за рудникот. Познати светски геолози овој рудник го нарекуваат најчувана тајна на нашата планета. Некои него го вреднуваат и како најголема тајна на човештвото, бидејќи во неговата утроба, наводно, се криела тајната на постанокот на космосот и на Сончевиот систем!

Рудникот "Мајден" го добил името Алшар според презимето на првите странски сопственици, Французите Алатини и нивниот инженер Шарито, кои овој рудник го експлоатирале меѓу 1913 и 1923 година. Меѓу другото, тие рудата антимон, со највисок квалитет, ја користеле за потребите на француската воена индустрија за изработка на челични цевки на топови. Антимонот и другите ретки руди од ?Алшар" биле познати уште во времето на првите човекови цивилизации.

Лево, на двесте метри од ?Алшар" има еден вечно зелен рид на кој не смее да стапне ниту човекова нога ниту преживари. Во земјата на ридот има талиум, отров многу поопасен и од арсенот (го има во помали количества), од кој, ако се внесе во организмот го соборува секој крупен добиток што се напасува таму. Уште полево од ?Алшар" и од ридот, се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кого ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови. Овој природен правкаст минерал го има во неограничени количества. Волшебниот маѓепсан терен околу ?Алшар", познат меѓу староседелците како Црвена Долина, е вистинска енигма за научниците.