Saturday, August 11, 2012

Словенизам

 

  ......Вистината за словенизмот е дека како резултат на војните на Рим со Македонија,во 168 год. п.н.е.,Рим ја наметнува власта во Македонија и во голем дел на Балканот.Од 148 год. п.н.е. Македонија е римска провинција.Се менува социјалниот статус на Македонскиот народ и од граѓани,Македонците стануваат робови-склави(Словјани,Словени) на Рим.Значи,Римските власти за да ја стабилизираат власта во Македонија,превземаат и некои специфични мерки заедно со традиционалните,нормални,во таков случај.Тие извршуваат дипломатски,стопански,воени и други етноразурнувачки активности.На пример,со намалувањето на даноците тие сакаат да ги привлечат кон власта даночните обврзници,но тоа е само козметика.Специјалистите и висококвалификуваните работници се однесени во ропство за да го градат Рим и другите градови од империјата.





 
  .....По заминувањето на Римските војски од Македонија се создава една празнина,која постепено се пополнува од општествени сили на Македонското население.Македонците официјално се нарекуваат Словени,но тие сега се основна и активна страна на општествено-политичкиот живот.

Сето ова се потврдува и со следново:
-Во времето на свети Димитрија Солунски уште од III век се спомнува дека Солунско е преплавено со Словени.
Со самото ова се побиваат сите факти и “докази“ дека Словените се дојдени од зад Карпатите во VI и почетокот на VII век.