Sunday, May 27, 2012

ПРИНЦУТ УД МОНАКО

         Пред ного гудини(некаде околу 30) на един штрк му дадеа задача едно дете да гу носе уф Монако.Се ќе беше уф ред ако штркут пред таа вечар не беше са направил стока уд рикија.
Беше убав летен ден,штркут ма грабна и пучна да ма носе,арно ама уд таа риќијта шо а стегал претходната вечер му са прапијало вода.Летајќи т’ка гу загледал Дојран и слезел да са наглте вода.Тргнал пак,ама се оште не убаво утрезнан место уф Монако ма спуштил уф Македонија.
   
        30 гудини понанаќи......

Станувум пунеделнички насабајле,оште уф шес ипул и тргнувум на работа кути пу обичај.Само шо излевум вонка,наместо да усетум чист ваздух,мене ма удире реа на кукошки и тоа на гомна уд кукошки или шо би кажале ние -крушници.Не си клавум ного на акл оти навикнан ми е носут на такви работи,навикнан ми е носут и на к’деш уд депонијта уд Сува река ама тоа е друг маабет.Терум пу п’тут и гледум уд двете страни на улицта на самте тротоаре искарани канти и ќисијна су ѓубре.Не можиш а да не приметиш таква убава глетка и тоа уд црквата уф центарут па се ду касарната.Демек ќе пуминат кумуналците да гу берат ѓубрето.А шо биве ако им са расипе на кумуналците камионут и да доат дури утре?
Ништо,прудолжавум ду работта не гледајќи повеќе ни лево ни десно,оти изгледе само мојте очи гледат поинак.
На враќајне надека дома,на сред пт ми пралетаве топка,а одма пузади неа и малечко дете.Едвај закучих,нојзте ми са сичеа а мајка му мртва-ладна не ни прамеќе дека и е детто,си праве маабет су кумшијката.Возум нанаќи,блед кути крпа и одма пак нешто ми паѓе уф очи,некуј ми са паркирал пред портата и не можум да си флезум дома.
 ..............................................
...............................................
...............................................
           Времто е убаво,6 саатут пуручокта,гу земувум синут и излевум уф градут да са рашетум.Не знам дали некуј има приметано ама и на пучетокут и на крајут уд шеталиштето има ТООООЛКААААВИИИИИИ знаци за забранано возење точук.А бре луѓе,шеталиштето е за шетање,там са шетат малечки деца,там са шетат стари љуѓе,там са лафат сите чаршијски маабете.........
......................................
Пред некое време ги испусичеа дрвата низ цело шеталиште.Да ма пите мене некуј дали тоа треабше да са направе или не..........ама ај,кој ма пите мене.Сејаа нови.Арно ама таква стока имме уф градут оште на првиут месец сите ги испукршија.


             Да одум малко на пучетокут на прикаската.Да не пугреш’ше штркут и да ма носше на местото за дека шо бех планиран,сега ќе дишах чист ваздух.Ка ќе излезах на улицта немше пикавец да видум на земјата.Слубодно ќе са шетах пу пешачки зони и никуј нема да ми паркирше пред влезут.Ма шо лафум бе,јас ќе бех принц,јас ќе си гу уредах мојто малечко гратче как шо мене ми одговаре,јас ќе изберах кој ќе живее а кој не уф него.

Ама кој ма пите мене,дунесан сум на пугрешно место уф пугрешно време.