Saturday, June 8, 2013

Несакани последици од вакцините

Комплетен список на состојки на вакцини и нивни познати несакани последици  




Несакани последици од вакцините

Од неодамна постои голема загриженост во врска со вакцините коишто им се даваат на децата и несаканите последици коишто тие можат да ги предизвикаат. Особено нагласена е врската помеѓу вакцините во раното детство и аутизмот. Оваа статија содржи список на состојки за коишто се знае дека вакцините ги содржат и несаканите последици коишто тие ги предизвикуваат. Тоа ќе ви помогне во донесување информирани одлуки, нешто на што индустријата се противи. Корпорациите коишто се вклучени во ова, со децении се обидуваат да ги потиснат овие информации. Им напомнуваме на читателите дека постојат други хемикалии и токсини коишто не се споменати, бидејќи овој список е направен врз основа на состојките за коишто јавно се знае. Контактирајте нè ако знаете нешто штосме пропуштиле. Се чини дека колку повеќе ја истражуваме оваа тема, толку полошо станува.
Во повеќе наврати е научно утврдено дека постои врска помеѓу вакцините и аутизмот, а постојат и многу други состојби коишто се предизвикани од вакцини и коишто допрва треба да се докажат. Вакцините се наменети да спречат одредени болести. Сепак, шансите за заболување од овие болестисе многу мали и ужасните несакани последици од вакцините се толку вообичаени, што вакцинитепредизвикуваат многу повеќе штета отколку добро. Можноста дека одредена вакцина, всушност, ќепонуди ефикасна заштита варира помеѓу 35% и 90%, и речиси сите тие имаат временски ограничено дејство. Во некои случаи, вакцините ќе ја предизвикаат кај пациентот истата болест за којашто тие се наменети да понудат заштита. Дали мислите дека тие ќе ја направат вистинската работа и ќе ве лекуваат бесплатно?

Состојка на вакцина: Ткиво од абортиран човечки фетус и човечки албумин
Дали некогаш сте се запрашале каде завршуваат абортираните бебиња? Сега знаете. Од здравственагледна точка, ткивата од друго суштество (не само од животни) се сè уште туѓи тела, а со самото тоа, се токсични за организмот. Една пријателски настроена индустрија се фалеше на својата веб-страница  како тоа да е нешто нормално: „Клетките се размножуваат сами, па нема потреба да се абортираат дополнителни фетуси за да се одржи обезбедувањето на култура. Вирусите се собираат оддиплоидни клеточни култури и потоа се обработуваат понатаму за да се произведе самата вакцината“.„Либерти Каунсел“ објави: „Може да се изненадите ако дознаете дека некои вакцини се добиени од ткива од абортирани фетуси. Вакцините против сипаници, хепатит А и рубеола се произведениисклучиво од ткива од абортирани фетуси“.

Состојка на вакцина: Формалдехид  
Формалдехидот во вакцините се користи како стабилизатор и конзерванс на ткивото. Формалдехидотсе оксидира за да стане мравја киселина. Мравјата киселина е главната состојка на отровот од пчели и од мравки. Во концентрирана форма, тој претставува корозивна и надразнувачка супстанција.Додека го апсорбира кислородот од телото, може да доведе до ацидоза, оштетување на нервите, црниот дроб и бубрезите.
Според Националниот совет за истражување, помалку од 20%, но можеби и повеќе од 10% одопштото население може да биде чувствително на токсичноста на формалдехид и може да реагира ако биде изложено на кое било ниво на формалдехид. Според Фондот за заштита на животната средина, формалдехидот се смета како едно од најопасните соединенија за екосистемите и здравјето на луѓето. Овие наоди се за влијанието врз животната средина, а со тоа, опасностите од формалдехидот вклучен во вакцините се многу поголеми, бидејќи тој се инјектира директно во крвта.

Познати несакани последици од формалдехид се:
• Надразнување на очи, нос, грло и бели дробови   
• Изострено чувство на мирис како резултат на променети протеини во ткивото • Анемија • Апатија • Слепило • Крв во урината • Нејасен вид • Болка • Бронхијални грчеви • Бронхитис • Изгореници во подрачјето на синусите и грлото • Оштетување на срцето
• Палпитации и аритмија • Депресија на централниот нервен систем • Промени во повисоките когнитивни функции 
• Чувствителност на хемикалии • Болки во градниот кош и напнатост • Хроничен вагинитис; настинки • Кома • Конјунктивитис • Запек • Конвулзии • Корнеална ерозија • Смрт
• Уништување на црвени крвни зрнца
• Депресија • Дерматитис • Дијареја • Потешкотии во концентрирањето • Дезориентација и вртоглавици • Болки во уво • Егзем • Емоционални тегоби • Ситести полипи • Замор • Крвав измет • Задушување на фетус
• Грип или вообичаена настинка • Често мокрење со болка • Гастритис • Воспаление на системот за варење • Главоболки • Хемолитична анемија • Хемолитична хематурија • Засипнатост • Хиперактивно белодробно заболување • Хиперактивност • Хипоменструален синдром • Зголемена чувствителност на имунолошкиот систем (алерген) • Нарушување на вниманието (краткотрајно внимание) • Нарушен капацитет за задржување внимание • Неспособност за голтање или тешкотии при голтање • Неможност за помнење зборови и имиња • Непостојани IQ профили • Воспаленија на репродуктивните органи • Болки во цревата • Неалергиска астма
• Раздразливост
• Жолтица • Болки во зглобовите • Отоци на зглобовите • Болка во бубрезите • Грчеви на мускулатурата на дишните патишта • Губење на меморијата • Губење на чувство за мирис • Губење на вкус • Малаксаност • Менструални болки и болка во тестиси • Неправилности во менструалниот циклус • Метален вкус во устата • Грчеви и болки во мускулите • Назална конгестија • Појава на красти и воспаление на слузницата • Гадење • Крвавење од носот • Вкочанетост и трпнење на подлактницата и врвовите на прстите • Делумно ларингеална парализа • Пневмонија и пулмонален едем • Намалена телесна температура • Задоцнет говорен развој • Бучење или трпнење во увото • Симптоми на шизофренија • Чувствителност на звук • Шок • Краткорочно губење на меморијата • Недостаток на воздух • Кожни лезии • Кивање • Болки во грлото • Чувство на дремливост • Тешкотии во говорење • Стерилитет • Отечени крајници • Плачење • Прекумерна жед • Трахеитис • Трахеобронхитис • Вртоглавица • Повраќање крв • Повраќање • Отежнато дишење и компликации на белите дробови



Состојка на вакцина: Жива  
„Во вакцините, соединенијата на жива се користат како конзерванси. Медицинските институции и агенциите за надзор постојано ја игнорираат токсичноста на живата во областа на вакцините. Живата е вториот најотровен елемент којшто му е познат на човештвото (втор после ураниумот и неговите деривати). После 30 минути присуство и изложување на жива, невроните во мозокот брзо и трајно се распаѓаат. Познато е дека живата исто така врши промена во хромозомите на телото, што е особено загрижувачки за оние кои имаат пломби на база на жива (стандарден „сребрен тип“), бидејќи овие луѓе постојано се полнат со овој кумулативен отров од испарување на живата, и постои директен контакт во внатрешноста на устата.). САД знае за потенцијалните проблеми на Тимеросал (Thimerosal) (конзерванс во вакцините што содржи жива) многу години. Светската здравствена организација изрази загриженост во врска со тоа во 1990 година. 
Живата е кумулативен отров, а тоа значи дека телото тешко го отстранува, и дека нивото на жива во телото во текот на времето значително ќе се зголемува. Во текот на животот може да се акумулираат огромни количини на жива. За време на еден стандарден ден на рутинско вакцинирање, новороденчињата понекогаш ја добиваат истата количина на жива како апсолутен максимум, поставена од страна на Светската здравствена организација за 3 месеци на изложување на жива на возрасните.
Следниов текст е преземен од веб-страница поврзана со Националниот институт за здравје, каде што детално се образложени последиците од изложувањето на жива: „Симптоми на високо изложување на оваа класа на соединенија што содржат жива вклучуваат: афтозен стоматит, катарален гингивит, гадење, течна столица, болка, нарушувања на црниот дроб, повреди на кардиоваскуларниот систем и хематопоетскиот систем, глувост и атаксија, смрт, главоболка, парестезија на јазикот, усните, прстите на рацете и нозете, други неспецифични нарушувања, метален вкус, благи нарушувања на системот за варење, можна појава на прекумерни гасови и дијареја. Акутно труење може да предизвика надразнување на системот за варење и ренална инсуфициенција. Раните знаци на сериозно труење вклучуваат тремор на рацете, губење на периферен вид, мало губење на координацијата во очите, говорот, пишувањето и држењето, неможност за стоење или изведување доброволни движења, повремена атрофија на мускули и грчеви на флексура, генерализирани миоклонични движења, тешкотии при разбирање на обичниот говор, раздразливост и прераснување на лош темперамент во манија, ступор, кома, ментална ретардација кај децата, надразнување на кожата, пликови и дерматитис. Другите симптоми вклучуваат хореа, атетоза, тремор, конвулзии, болка и вкочанетост во екстремитетите, нефрит, лачење плунка, олабавување на забите, сина линија на непцата, анксиозност, депресија, несоница, халуцинации и влијанија врз централниот нервен систем. Изложувањето може да предизвика и надразнување на очите, мукозните мембрани и горниот респираторен тракт“  
Познато е дека целосна нетолеранција кон Тимеросал (Thimerosal), конзерванс којшто се содржи во живата, може да се развие од претходните вакцини. Вакцините го стимулираат имунолошкиот систем и предизвикуваат активација. Последиците од живата се различни кај неорганските и органските соединенија на живата, како и кај соединенија на жива и метали. Симптомите на невролошка токсичност, предизвикани од соединенија на живата, се јавуваат со задоцнување после изложувањето, и тие се толку малку, што ретко кои од овие симптоми ќе бидат забележани во времето на изложување. Ова ги објаснува долгорочните невролошки симптоми на тешкотии приучењето и нарушувања во однесувањето за коишто се смета дека се поврзани со вакцините, а коишто не постоеле кај претходните генерации.

  
 Состојка на вакцина: Антифриз 
Антифриз (етилен гликол) е состојка на полио-вакцината. Тој е класифициран како „многу токсиченматеријал“. Помалку од едно мало кафено лажиче со оваа состојка е доволно да убие куче од 9 кг.Сопствениците на домашни миленици обично се многу претпазливи во врска со оваа опасна материја, бидејќи знаат дека само мала количина може да биде фатална. Може само да си ги замислиме последиците што оваа материја ги има врз човечкото тело кога се инјектира директно во крвта.
Антифризот може да доведе до заболување на бубрезите, црниот дроб, крвта и централниот нервенсистем. Многу е штетен и речиси смртоносен ако се проголта. Последиците вклучуваат нарушувања во однесувањето, дремливост, повраќање, дијареја, визуелни нарушувања, жед, конвулзии, цијаноза, брзо отчукување на срцето, стимулација на централниот нервен систем, депресија, кардиопулмоналнипоследици, нарушувања на бубрезите. Исто така, може да доведе до проблеми кај црниот дроб и вокрвта. Влијае врз репродукцијата и развојот кај животните вклучени во експерименти.

 Состојка на вакцина: Алуминиум 
Се смета дека е канцероген. Тој е токсичен за кардиоваскуларниот, за нервниот и за респираторниот систем.  Се наведува како причина за оштетување на мозокот и се смета дека придонесува за појаваАлцхајмеровата болест, деменција, конвулзии и коми. Се наоѓа на најмалку 2 списоци на државни регулативи.   

Состојка на вакцина: 2-­фенокси-етанол
Се смета дека е канцероген. Тој е токсичен за развојот и за репродуктивниот систем. Тој исто така е и отров што делува на метаболизмот, што значи дека го попречува метаболизмот на сите клетки. Тој епримарен фактор во формирањето на канцерогени клетки. Има способност за оневозможување наосновната реакција на имунолошкиот систем. Тој исто така содржи и фенол (види подолу за објаснување).

Состојка на вакцина: Фенол  
Се смета дека е канцероген и токсичен за кардиоваскуларниот систем и крвта. Познат и како карболна киселина, тој е токсичен за развојот за системот за варење или црниот дроб, бубрезите, нервниот систем, кожата и сетилата. Се наоѓа на најмалку 8 списоци на државни регулативи.  

Состојка на вакцина: Метанол
Ова е испарлив, запалив, отровен алкохол во течна состојба.  Во индустријата се користи како растворувач, и како состојка на антифризот кај горивото. Во телото се метаболизира во формалдехид (како што е опишано претходно). И покрај тоа што е вообичаено да се најде во пектинот којшто е присутен во некои секојдневни овошја, природната верзија е само во мали количини и не е познато дали во природна форма предизвикува штетни последици.  

 Состојка на вакцина: Боракс (натриум тетраборат декахидрат)
Традиционално се користи како пестицид и отров за мравки. Се смета дека е токсичен за кардиоваскуларниот систем или крвта, за ендокриниот систем, за системот за варење или црниот дроб, и за нервниот систем. Студиите за стаорци покажуваат дека предизвикува проблем при размножувањето и намалена стапка на наталитет. Тој е веќе забранет во храната во САД, нозачудувачки, сè уште е дозволено директно да се инјектира во крвта преку вакцини. Тој е токсичен засите клетки и многу бавно се отстранува преку бубрезите. Најмногу се задржува во бубрезите и за нив е најтоксичен. Има каскаден ефект, со што предизвикува дегенерација на црниот дроб, церебрален едем и гастроентеритис. 
„Една вакцина дадена на бебе со тежина од 2 кг и 700 гр. е еднаква на 30 вакцини дадени на возрасен човек со тежина од 81 кг. во еден ден“.


Состојка на вакцина: Глутаралдехид 
Глутаралдехид е секогаш токсичен, предизвикувајќи сериозно надразнување на очите, носот, грлото ибелите дробови, проследено со главоболки, дремливост и вртоглавица. Последиците се гледаат во агенсот на хемиското оружје, познат како нервен гас. Отровен е ако се проголта, и познато е дека предизвикува оштетувања при раѓањето кај експерименталните животни. Последиците од директно инјектирање во крвта со цел да се  заобиколи процесот на голтање се непознати. Честопати се користи за чистење на медицинска опрема. Познато е дека при несреќи во болници коишто вклучуваатизложување на животната средина, ги предизвикува следниве симптоми:
 Надразнување на грлото и белите дробови  Астма, симптоми на астма и тешкотии при дишењето •Надразнување на нос, кивање и отежнато дишење  Крвавење од носот  Печење на очи иконјунктивитис  Алергичен контакт и / или алергиски дерматитис  Дамки на рацете (кафеави илитемни)  Уртикарија • Главоболки • Гадење

Состојка на вакцина: Мононатриум глутамат 
Мононатриум глутамат е синтетички засилувач на вкусот. Во еден извештај од 1995 година од страна на Федерацијата на американски здруженија за експериментална биологија, две групи на луѓе биле дефинирани како нетолерантни на мононатриум глутамат. Овде спаѓаат оние кои јадат големиколичини на мононатриум глутамат (тој се користи во многу видови на преработена храна какозасилувач на вкусот) и оние со „слабо контролирана астма“. Нашето истражување покажува декасекој може да страда после внесување на мононатриум глутамат. Во извештајот од 1995 година, Агенцијата за храна и лекови (ФДА), јавно призна дека мононатриум глутаматот ги предизвикуваследниве симптоми:  Чувство на печење во задниот дел од вратот, лактите и градите  Вкочанетост во задниот дел од вратот којашто се пренесува кон рацете и грбот  Печење, топлина, и слабост во лицето, слепоочниците, горниот дел од грбот, вратот и рацете  Притисок во лицето или стегање •Болка во градите  Главоболка • Гадење  Брзо чукање на срцето  Бронхоспазма (отежнато дишење) кај луѓе со астма нетолерантни на мононатриум глутамат • Дремливост  Слабост

Имајте на ум дека ова е мал список (оној со несакани последици којшто го признава Агенцијата за храна и лекови) и тој не ја зема предвид големата токсичност на директното инјектирање во крвта.Долгиот список, што е за 15 пати подолг, вклучува срцеви напади, особено кај младите луѓе сонедостаток на магнезиум. Инјектирањето глутамат во лабораториски животни резултираше во брзооштетување на нервните клетки во мозокот. Мононатриум глутамат спаѓа во посебна класа нахемикалии наречени екситоксини, за коишто е познато дека директно ги напаѓаат мозочните клетки.Во 1978 година, беше забранета негова употреба во бебешка храна и други производи за бебиња на возраст до една година, бидејќи Американската академија за педијатрија и Националната академијана науките изразија загриженост. Сега тој повторно се користи во овие производи, заедно совакцините. 

Состојка на вакцина: Соединенија на сулфат и фосфат  
Овие соединенија можат да предизвикаат сериозни алергии кај деца коишто може да траат во текот на целиот живот и трајно да го нарушат нивниот имунолошки систем. 

Состојка на вакцина: Амониум сулфат  
Ова е уште една канцерогена состојка. Амониум сулфатот се подготвува со мешање на амонијак со сулфурна киселина. Се користи како хемиско ѓубриво за алкални почви за да се намали нивото на pH на почвата. Во телото, влијае врз имунолошкиот систем предизвикувајќи ацидоза.  Амониум сулфат е исто така токсичен за системот за варење (црниот дроб), за нервниот и за респираторниот систем.  

Состојка на вакцина: Гентамицин сулфат 
Ова е силен антибиотик којшто често се користи за болести опасни по живот (на пример, пневмонија).
Познати несакани последици:
 Грчење на мускули  Вкочанетост  Напади  Зголемен крвен притисок  Алопеција  Пурпура •Лажен тумор на мозок  Фоточувствителност    Краткотрајно надразнување  Печење  Боцкање •Чешање  Воспаление  Ангионевротски едем  Уртикарија  Везикуларен и макулопапуларендерматитис  Мидријаза  Коњуктивална парестезија  Коњуктивална хиперемија  Неспецифиченконјунктивитис  Оштетувања на епител на конјунктива  Чешање и отекување на очен капак 
 Бактериски / габични корнеални улцери


Состојка на вакцина: Неомицин сулфат
При истражување на оваа состојка, ја откривме невротоксичноста на неомицин сулфатот после орална употреба како антибиотик. Може само да се запрашаме каква штета предизвикува кога сеинјектира директно во крвта на новороденчиња. Ја спречува апсорпцијата на витаминот Б6, што е причина за ретка форма на епилепсија и ментална ретардација. Возрасните пациенти кои примиленеомицин како антибиотик обично се ставаат под непосредно клиничко набљудување (се хоспитализираат), што значи дека веднаш може да се интервенира со интензивна нега. Забележани се невротоксичност и нефротоксичност, како и трајна билатерална ототоксичност на аудитивниот систем. Понекогаш кај пациенти со нормална бубрежна функција кои се третирани со поголеми дози од препорачаните или подолго време од препорачаното, се јавува вестибуларна токсичност.

Состојка на вакцина: Три-н бутилфосфат
Ова е уште една канцерогена состојка. Таа е токсична за бубрезите и нервниот систем. Поопасна е од повеќето хемикалии наведени на 2 од 3 системи за рангирање, се наоѓа на најмалку еден список на државни регулативи. 

Состојка на вакцина: Полимиксин Б
Ова е уште еден антибиотик. Лекарите вообичаено го избегнуваат неговото инјектирање (освен во случај на вакцини), поради огромните болки на местото на инјектирање, особено кај новороденчињата и децата.
Други познати несакани последици:
• Албуминурија  Цилиндрурија  Азотемија  Зголемување на нивото во крвта без какво било зголемување на дозата.  Црвенило на лице • Вртоглавица со прогресија во атаксија  • Дремливост •Периферни парестезии: - во делот на устата и периферниот нервен систем  Апнеа  Знаци наменингеално надразнување со интратекално администрирање

Состојка на вакцина: Полисорбат 20/80 емулгатор
Се смета за канцерогена состојка. Познато е дека е токсичен за кожата и сетилата. Потврдено е дека е канцероген агенс кај животните.

Состојка на вакцина: Засладувач Сорбитол
Дијабетичната ретинопатија и невропатија можат да бидат поврзани со вишокот на сорбитол во клетките на очите и нервите; при што доведува до слепило. Ова е уште една состојка за којашто се смета дека е канцерогена. Сорбитолот е токсичен за системот за варење и црниот дроб.

Состојка на вакцина: Полирибосилрибитол
Ова е експериментален вештачки засладувач. Всушност, експериментирањето кај децата е во тек, што значи, без знаење или согласност на нивните родители.

Состојка на вакцина: Бета пропиолактон
Докажана како проверена канцерогена состојка. Токсична е за системот за варење (црниот дроб), органите за дишење, за кожата и за сетилата. Поопасна е од повеќето хемикалии, се наоѓа на 3 место на 3 сисеми за рангирање. Се наоѓа на најмалку 5 списоци на државни регулативи. Се смета за едно од најопасните соединенија за човекот.

 Состојка на вакцина: Амфотерицин Б
Може да предизвика непоправливо оштетување на бубрезите и благо откажување на црниот дроб. Познато е дека произведува сериозни хистамински (алергични) реакции. Постојат неколку извештаи за анемија и срцев удар. „Медикал Маркет Економикс“ (MME) ја дефинира како „лек којшто се користи за лекување габични инфекции. Поради познатите алергии што овој лек ги предизвикува, неговата употреба е  забранета. Несаканите последици вклучуваат згрутчување на крвта, промени во крвта ,проблеми со бубрезите, гадење и треска. При нанесување на кожата, можна е појава на алергиски реакции“.

Ткиво од органи од животни и животинска крв  
Палета животински клетки се користат за култивирање на вируси во вакцини, па ткива од животни и нечистотии се вклучени во формулацијата што се инјектира. Овие ткива се неупотребливи и токсични за организмот освен кога нивните протеински материјали се варат за да се создадат аминокиселинипреку консумирање на нормална исхрана. Не постои процес на варење за инјекции.

Инјекциите, исто така, може да содржат многу видови на животински вируси (видете го делот„Животински вируси“). Во животните што се користат спаѓаат: мајмун (бубрези), крава (срце), теле(серум), пиле (ембрион и јајце), патка (јајце), свиња (крв), овца (крв), куче (бубрези), коњ (крв),зајак (мозок), морско прасе, итн.

 Состојка на вакцина: Големи протеини од надворешни организми
Покрај нечистотиите од животински ткива, постојат и големи протеини коишто се намерно вклучени и се користат како адитиви (супстанции коишто ја влошуваат имунолошката реакција со помош на нивната природна токсичност). Во неколку вакцини се содржи белка од јајце и желатин (или желатиндобиен од избрани делови од кожа на теле и добиток, деминерализирани коски на добиток и свинскакожа). Во тројниот антиген (вакцина ДТП) се наоѓа казеин (млечен протеин). Кога се инјектираат, овие вообичаено безопасни протеини се токсични за организмот. Затоа имунолошкиот систем„реагира“. Имунолошкиот систем е намерно изложен на оваа инвазија за да се предизвика неприроднаактивација на сите овие состојки. Во иднина, телото ќе стане уште почувствително на овие супстанции, наместо да станува имуно на нив. Значи, основната премиса на вакцинирањето којашто ѝсе „продава“ на јавноста е лажна. Ова објаснува зошто бизарни алергии, како што се интолеранција на лактоза, јајца и алергии на јаткасти плодови одеднаш стануваат честа појава во поновата историја.

Состојка на вакцина: Латекс
Ја има во вакцината против хепатит Б којашто рутински им се дава на здравствените работници.Високиот степен на алергии на латекс кај медицинските сестри се должи на нивната осетливост на латекс поради големите количини на хемиска гума којашто се инјектира во нив. Овие вакцинидоведуваат до панични имунолошки реакции. Овие медицински сестри ќе ја имаат оваа алергија засекогаш. Таквите алергиски реакции може да бидат опасни по животот.
 Оваа вакцина сега рутински им се дава на новороденчињата во многу земји, вклучувајќи ги Австралија и САД.

Состојка на вакцина: Животински вируси
Некои од овие вируси може да бидат особено туѓи за човечкото тело. Најчесто документиран иобјавен пример е вирусот од мајмун SV40. Овој вирус е безопасен за мајмуните, но стимулира реткивидови на рак кога се инјектира во луѓето и предизвикува тумори на мозокот, коските (на пример,мултипла миелом), белите дробови (мезотелиом), и лимфното ткиво (лимфома). Вирусот на мајмунSV40 се појави само кај лицата родени во последните 20 години („Дневник на заразни болести“,септември 1999 година), после долго време откако производителот потврди дека ги „исчистил“ полио вакцините, во коишто е пронајден. Таков е случајот со починатиот Александар Хорвин, чиишто родители се покажаа негативни на тестовите за SV40. Затоа, за најновите случаи не може да се рече дека се наследни од родителите коишто ја примиле вакцината (види www.ouralexander.org). Ова докажува дека производителите повторно тајно го користат.

 Состојка на вакцина: Човечки вируси
За вирусите од коишто се смета дека вакцината би требало да заштитува, често се вели дека се „убиени“, „дезактивирани“, или „ослабени“. Ова е мит. Главниот метод којшто се користи за дезактивирање на вирусите е третирање со формалдехид, чијашто делотворност е ограничена, па дури и тогаш, само привремена. Откако течноста се инјектира во телото, телото го разградуваформалдехидот, со што потенцијално се ослободува вирусот во неговата оригинална состојба. Ова се прави намерно. Во православната медицинска литература пишува дека овие живи „осакатени“ вируси можат да се вратат на нивната поранешна вирулентност.
Запомнете дека за вирусите и бактериите коишто се вклучени, од коишто вакцината би требало да штити, се тврди дека се во „многу мали дози“. Овие мали дози не се мали за телото, и тие количини се сосема доволни за да предизвикаат болести. А кога болестите ќе се појават, случаите се секогаштешки, а понекогаш и фатални. Во Британскиот медицински дневник Лансет биле пријавени неколку смртни случаи од вакцина којашто предизвикала жолта треска. Лице кое е подложно, може даподлегне на инфекција кога е изложено само на мали дози, особено кога таа се инјектира директно во крвотокот. Исто така, постојат и други случаи каде што здрав човек нема да подлегне, дури и кога е изложен на големи дози од надворешната средина. Патогените не предизвикуваат болести; појавата на болести и нивото на нивната тежина зависи од начините на поврзаност помеѓу патогените и домаќините.
                                                                                                                   
Вакцините можеби не манифестираат очигледна повреда, особено не веднаш, но со оглед на нивните состојки и познати последици, можат да предизвикаат долгорочно оштетување на внатрешните органи и на имунолошкиот систем.
Повеќето симптоми на болест се видливи знаци на обиди на телото самото да се одбрани одинфекција. Со инјектирање болест, заобиколуваат многу значајни заштити  во системот за варење и мукозните мембрани.
                                                                                                                                  
 Состојка на вакцина: Микоплазма
Тоа се микроскопски организми на коишто им недостасуваат цврсти клеточни ѕидови и се сметаат занајмалите слободни живи организми. Многу од нив се патогени, и еден вид од нив предизвикувамикоплазма пневмонија; којашто интересно, но според медицинскиот речник на Мозби, е забележанодека се јавува само кај „децата и младите“,  Таа не се наоѓа случајно во вакцините. Таа е намернододадена како адитив (за да се зголеми „реакцијата“ на алергијата на имунолошкиот систем) навакцината. Со други зборови, состојките мора да бидат или отровни, или малку биолошки заразни зада ги активираат реакциите на имунолошкиот систем.


 Состојка на вакцина: Генетски модифицирани квасни габички
Се наоѓаат во вакцината против хепатит Б. Со оглед на контроверзноста околу внесувањето генетски модифицирана храна, што мислите, колку е поопасно нивното директно инјектирање? Кои се последиците во иднина од овие генетски експерименти врз нашите деца? Познато е дека обични квасни габички коишто растат во ткивата се основа на безброј болести коишто можат да траат со години, и во ретки случаи, кога тоа е соодветно дијагностицирано, се нарекуваат габични инфекции.Прекумерното растење на габичките директно го напаѓа имунолошкиот систем, и ја намалуваспособноста на телото да може да отстранува отпад, токсини и да апсорбира хранливи материи.Стандардното лекување со антибиотици, всушност честопати ги зајакнува овие инфекции на подолг временски период, затоа што уништува поголем дел од корисната флора, којашто вообичаено го контролира прекумерното растење на габичките.

 Состојка на вакцина: ДНК од други организми
Се користи ДНК од животни, вируси, габи и бактерии. Потврдено е дека инјектирањето ДНК од други организми, или дел од неа, може да доведе до нејзино вклучување во ДНК на примателот. Ужасните повеќе генерациски последици на долг рок ја надминуваат нашата имагинација. Иако на некои луѓе, всушност, може да им е од корист да имаат внуци со три раце, или со рогови на главата. Се чини дека овие можности се далечни, но со оглед на стапката со којашто овие состојки се вклучуваат вовакцините, прашање на време е кога тоа ќе се случи, а не дали ќе се случи. Зборот „лудост“ е премногу слаб за да се опише тоа.

--------------------------------------------------------------------------------


Човечкото тело никогаш порано не почувствувало таква директна инвазија. Се надеваме дека пред да ги вакцинирате вашите деца, ќе го имате предвид овој список и несаканите последици на вакцините.Имаме силни причини да веруваме дека севкупно, и општо земено, ризиците од ужасни долготрајнинесакани последици во голема мера го надминуваат ризикот од болестите коишто вакцините треба да ги спречат. Човечката крв треба да биде, и досега беше неверојатно стерилна. Практично во крвотокот немаше присуство бактерии или организми. Со толкавата распространетост на вакцините, тоа веќе не е случај. Спротивно на она што ни се кажува, тие наместо да го зајакнуваат, драстично гоослабуваат имунолошкиот систем. Во Соединетите Американски Држави, вакцината против хепатит Б на детето му се дава на денот на раѓање, со што честопати го ослабува неговиот имунолошки системза цел живот. Неговото малечко тело за прв пат се навикнува на микроорганизмите околу него, и треба да има силен имунолошки систем за да не влијаат врз него.

Иако вакцините се задолжителни во САД, сите држави во моментов нудат исклучоци на религиозна основа, а некои држави нудат и исклучоци на филозофска основа. Можете да ги имате предвид овие можности со цел да ги заштитите вашите деца. Исклучоците на религиозна основа се доста погодни за ова, бидејќи можете отворено да им кажете дека го правите тоа бидејќи е христијански“.

Преземено од Д-р Слаџана Велков