Sunday, March 24, 2013

Хероите од Слива


......Тргнале да загинат за Крушево да преживее. Нивната смрт, нивната жртва, на крушевчани им донела живот. Тоа е приказната за битката кај местото Слива, која, заедно со таа на Мечкин Камен, е една од најтешките во периодот на Илинденското востание, кога со последните сили се бранела Крушевската Република пред нејзиниот крај, на 12 август 1903 година. Педесетина востаници му се спротивставиле на неколкуилјаден турски аскер со едноставна цел - да го задржат што подолго, додека населението и главниот штаб се повлечат во збеговите во местата Осој (кај селото Зашле) и Крушка (близу селото Пуста Река). Гинеле еден по еден, речиси до последен човек, само за со своите животи да купат неколку часа во кои остатокот од градот ќе се спаси.

- Треба почесто да си го поставуваме прашањето што ќе се случеше ако востаниците на Слива не ги дадеа своите животи, не ги положеа на тој олтар - вели историчарот Зоран Богевски, директор на Музејот на Илинденското востание и Крушевската Република во Крушево.
А што ќе се случеше? Османлиите во Крушево ќе начекале преполн град со жители, млади, стари, жени, деца, борци и цивили... Ќе немале милост. Голем дел од денешните крушевски семејства и воопшто луѓе со крушевско потекло, немало да постојат. Ова е едно од ретките борбени дејства од илинденската епопеја, од кое има материјален, опиплив ефект и денес, во форма на живи потомци на спасените крушевчани. Сепак, ова е историски настан од врвно значење за кој Македонците не се сеќаваат дали го учеле на училиште, дали слушнале за него од медиумите или го виделе на филм, а многумина не знаат ниту дека се случил.


На крушевските гробишта, поминувајќи меѓу гробовите на Тоше Проески и на Питу Гули, па покрај партизанската алеја и низ многу други гробови, намерникот одвај ќе ја најде заедничката гробница на 44-те комити паднати на Слива. Автобусите од училишните едукативни екскурзии низ Македонија се редовни во Крушево, но не ги поминуваат петте кривулести километри до Слива, на порано прометниот трговски коридор меѓу Крушево и Кичево, а денес полуасфалтиран пат по кој поминуваат одвај пет-шест возила на час. Политичарите положуваат венци на петметарскиот споменик „Востаник со испружена рака“ на местото на крвавата битка, што личи на подрасцепен камен обелиск, изграден во минималистички стил, во духот на времето кога е подигнат (1963 година). Но тоа се случува наутро, часови пред свечените говори на Мечкин Камен и директните преноси од нив.

Историчарите немаат објаснување зошто Мечкин Камен добива многу поголемо внимание од Слива. Во двете битки имало речиси ист број востаници, кои се спротивставиле на аскери повеќебројни за десетици пати, во едната борците отишле да загинат за други да се повлечат, а во другата биле опколени и нападнати додека се повлекувале. Но тие имаат две работи да порачаат: Слива мора да си го заземе вистинското место во колективната меморија на Македонецот исто како и Мечкин Камен и тоа не смее да се направи на начин што би создал ривалство околу тоа која од двете битки е поважна.



НЕОЧЕКУВАН НАПАД ОД КИЧЕВО

Крушево било напаѓано и успешно брането дури осум од десетте слободни дена, истакнува директорот на музејот, Богевски. Горското начелство, предводено од Никола Карев, претседателот на Републиката, знаело со што се соочува. Бахтијар-паша, познатиот скротувач на востанијата во Босна и во Косово, веќе бил во Пелагонија. Востаниците одржале две советувања. Прво решиле да се бранат. Потоа барале начин како да се повлечат. Се појавиле две струи. Првата, која ја поддржал Карев, препорачувала повлекување, со што помал број жртви и помали загуби. Питу Гули, пак, сметал дека без смрт нема слобода, барал борба до крајот. Донеле одлука да се подготват ровови на стратегиските позиции. Меѓу другите места, и на Слива, висока ливада меѓу два рида, одлична позиција за бранење од евентуален напад од Кичево, иако не се верувало дека Турците ќе тргнат низ тој тежок терен, кога веќе имале полесен пристап од Пелагонија. Дваесетилјадна турска војска го сардисувала градот. Бомбите на непријателот веќе паѓале. Се чекала неговата чизма. И таа дошла токму од најнеочекуваното место.
- Командантот на кичевската касарна, чие име се знае, се покажал како најамбициозен. Веројатно сакал да го претекне Бахтијар-паша во задушувањето на востанието и со тоа да добие поголем углед кај султанот Абдул Хамид и подобро место во турската администрација. Во тој момент ситуацијата налагала само едно - да се жртвуваат одреден број луѓе за да се спасат преостанатите - додава Богевски.
Тешка одлука, смета тој, но неопходна. И не била донесена само за Слива, туку за секаде каде што ќе се појави потреба.
Тодор Христов, офицерчето, човек со солидно војничко искуство, како офицер во бугарската армија (инаку Македонец) имал формирано одред, од кој подоцна било издвоено едно одделение за да се прати на Слива. Се вели дека биле главно млади момчиња од 15-16 години, иако од оние на кои им е потврдена возраста, најмладиот бил 18-годишник. Ѓорѓи Стојанов, крушевчанец по потекло од Арилево, бил на чело на одредот, заедно со Диме Смугрев, полскиот цар. Тие ги предводеле востаниците на Слива.



ЧАСОТ Е ВЕЛИК


Слива е како порта. Највисока точка на излезот од Крушево кон Кичево, меѓу два рида, на висина од 1.357 метри. Денес е опколена со зимзелена шума, но неа тогаш ја немало, засадена е во 1930-тите години. Лесно се препознава зашто токму тука било решено да се запре аскерот. Вкопани во рововите, востаниците имале прегледност, биле во висинска предност и не можеле да бидат заобиколени. Значи, педесетина комити и теренот во сојуз против аскерот. Колкав аскер? Податоци на Интернет велат околу 3.000, дури и попрецизно 3.080, но борците имаат посликовит опис.
- Еден од преживеаните раскажувал дека кога се појавила главата на аскерот пред нив, на околу 500 метри, опашката сѐ уште била на ридовите кај Пуста Река, што е 5-6 километри воздушно - пренесува Богески.
„Браќа, часот е велик“, со овие зборови водачите им се обратиле на борците. „Врагот е пред нас. Но и примерот за саможртвување и готовноста за борба до смрт е пред нас. Нека докажеме дека сме корави Македонци, упорни борци и доблесни синови на родината. Од височините на Бела Вода (врвот над Слива), Македонија ќе го гледа нашиот подвиг“. Последни зборови пред судната битка. Турците дошле. Не се знае дали биле изненадени од огнениот пречек. За жал, оружјето на востаниците било со краток дострел, пушките не дофрлале до точката од каде што се појавувал аскерот. Морале да го чекаат повеќе да се доближи. Војводата Ѓорѓи Стојанов се сместил во средината на ровот. Прва доаѓала коњаницата. Наредил десната страна да пука во коњите или во нивните нозе, а левата во јавачите, меѓу срцето и главата. И да се стрела исклучиво во месо.
Битката почнала. Кога полетале првите куршуми, Османлиите застанале. Повикувале на борба гради в гради, нож на нож. Но не им паѓало напамет на комитите да излезат од рововите. Им порачувале да се предадат, ветувајќи им милост од султанот. Добивале одговор во куршуми, пцости и во патриотски песни. Тогаш Турците тргнале напред. Борбата се разжестила. Паѓале една по една жртва. Други одреди доаѓале на помош. Општата препорака била секој да се вклучи каде што ќе види борба, но кога состојбата ќе станела невозможна, да се искористи шансата за повлекување. Овде повлекување немало. Од одредот успеале да се спасат одвај десетмина. Турски коњаник дојавал до ровот. Го исекол Ѓорѓи Стојанов со сабја. Цветко Стојчев, еден од најистакнатите комити, го убил убиецот на војводата и загинал од пешадиски куршум. Паднал и полскиот цар Диме Смугрев. Паднале над 40 востаници. Турците, изненадени од нивната храброст и пожртвуваност, застанале кај рововите да им оддадат почит, со стрелба во воздух.
Дури пет дена по битката, Бахтијар-паша им дозволил на крушевчани пристап на Слива. Телата биле полураспаднати поради августовското сонце, распарчени од диви животни и од гаврани, не можеле да се препознаат, освен по облеката или по некои други белези. Бил направен заеднички погреб во Крушево. Но некои останале да почиваат на Слива, на местото каде што создале историја за себе и иднина за градот.



ПОТОМЦИТЕ МЕЃУ ГОРДОСТА И БОРБАТА ЗА АФИРМАЦИЈА


Можеме само да претпоставуваме дали ќе беше возможно денес да стоиме кај споменикот на Слива и да разговараме со Аница Стојановска, потомок на семејството на војводата Ѓорѓи Стојанов, ако тој и неговите востаници не се жртвуваа. Или со Лекса Преш, која ја сретнавме на гробот на нејзиниот прадедо Косту Лапе, еден од најистакнатите востаници загинати на Слива, познат и по тоа што неговата куќа била леарница за оружје. Среќни и горди на своите предци, тие сепак беа изненадени дека некој се интересира за битката кај Слива, зашто тоа, наместо нормална работа, е реткост. Не се задоволни од нејзината афирмираност.
- Многу малку е вложено во афирмацијата на битката кај Слива. Од книгите што јас ги имам прочитано, таа била потешка од битката на Мечкин Камен. Потребен е поголем медиумски интерес, повеќе историски истражувања, но и посилен ангажман на државата. Нас како семејство многу ни значи што сме потомци на еден од борците што загинале за Македонија и ни оставиле завет и понатаму да ја браниме - вели Лекса Преш.
Возбудено чекорејќи покрај споменикот, Аница Стојановска ни ја пренесе гордоста на целото нејзино семејство со оставината на војводата Стојанов и на неговите борци, кои, како што истакна, жестоко му се спротивставиле на непријателот и достојно го дале својот живот за Крушево и за Македонија. Тој загинал млад, немал свои деца, но и покрај тоа, вели Стојановска, голем број луѓе го почитуваат како предок.
- Со голема гордост нашето семејство доаѓа овде на Илинден да положи цвеќе. Но местово треба да се уреди поубаво. Без големи инвестиции, скромно, каков што бил и војводата, но подостоинствено - додава Стојановска.
Директорот Богески препорачува барем да се стави нова табла, со имињата на сите познати паднати борци. Сега има едноставен натпис: „Далеку од слободата и неразделни од неа, овде паднаа 40 херои на Илинден“.
Воено-технички гледано, Илинденското востание е поразено. Неговата големина се состои во националниот мит што го создаде, кој беше темел на подоцнежното ослободување на Македонија. Но борците кај Слива тргнале со конкретна цел и ја оствариле во целост. Ќе беа поразени само ако не го спречеа аскерот да дојде до населението. Затоа, од кој било агол да се гледа Илинденскиот период, тие секогаш ќе останат победници.


И црешовото топче е запленето на Слива
Познатото црешово топче што во истанбулскиот „Аскери музеј“ го најде познатиот македонски воен историчар Ванче Стојчев, всушност било запленето во битката кај Слива. Во изработката на топчињата, по налог на Никола Карев, учествувал и Цветко, свршеникот на Злата. Заедно со Стојче Летник, негов соселанец од Селце, пресекле седум црешови стебла и ги оставиле на сонце да се исушат. Дел распукале, а другите ги направиле. Паралелно се изработувале топчиња и на други места, но историчарите веруваат дека она што е најдено во Истанбул е селчанското.

 

Девојката Злата - и во ров и во гроб со својот свршеник
Меѓу повеќето случаи на „приказна во приказната“ околу битката на Слива, највпечатлива, во холивудско-шекспировска смисла, е таа за телото на девојка во брсјачка народна носија, најдено прегрнато со машки труп. Жените-борци од илинденската епоха се опеани, но дека биле преправени како мажи („никој Тодорка не ја позна дека е војвода-девојка“ од „Крушево абер пристигна“). Тогаш од каде ова тело со женска облека на боиштето?
- Тоа биле Цветко Стојчев Коруновски и Злата Велева Богеска од Селце, Крушевско. Цветко бил на печалба во Софија, каде што Ѓорче Петров му порачал да се врати во Селце. На Благовец се свршиле со Злата - раскажува директорот Богески.
Како истакнат член на револуционерната организација, Цветко отишол да се бори на Слива, каде што со Злата, наместо свадба, имале заеднички погреб. Но тоа било сосема случајно.
- Еден бег од селото Норово се обидел да ја обесчести Злата. Тој бил куц, па таа не само што му побегнала, туку му го зела и револверот. Бегајќи низ шумата од Крушево, случајно се нашла на Слива, каде што го видела Цветко во расправија со друг востаник, Петраки, зет за нејзина братучетка. Петраки го напуштил ровот и ја нападнал со кама, но таа го убила со беговиот револвер. Така се нашла со својот свршеник во ровот, каде што биле убиени и пресечени со сабја. Кога ѝ го нашле телото, виделе дека се борела, по трагите од барут на рацете - додава Богески.
За жал, ова не е ниту американски филм, ниту англиска драма, туку македонска љубовна трагедија, и уште еден доказ за пожртвуваноста за слободата.


Преживеаните оставиле пишани сведоштва
Директорот на крушевскиот музеј Зоран Богевски располага со пишани сведоштва на преживеаните, илинденски декларации, направени за време на бугарската окупација, од организацијата од Софија во која членувале илинденци, а загубени при повлекувањето на бугарските сили во 1944 година. Документи со фотографии, досега непознати за јавноста, во која востаници раскажуваат како учествувале и во битката кај Слива. Има најмалку 15 што го напишале тоа. Како од битка во која тргнале да загинат се појавуваат 15 преживеани? Класично дезертирање, објаснува Богевски, немало, освен Петраки, кој бил убиен од Злата. Најмногу од преживеаните се тие што доаѓале од други одреди, како што се повлекувале, и се вклучувале во борбата, а потоа продолжиле со повлекувањето.
 
извор: Нова Македонија

Thursday, March 21, 2013

Весела математика,10% одлучават кој ќе биде градоначалник

Уф недела (24 март) са локалните избори,са одлучаве за градоначалник и совет.

Според изборниут законик за да победе некуј кандидат уф првиут круг,потребно е да има над 33% излезеност на гласачкото тело.Уд тие 33%,потребно е 51% да гу имат дадано гласут за одредан кандидат.

Една весела математика,ако уф Гивгилија има околу 22.000 жители,уд них право на глас имат околу 17.000.

33% уд 17.000 е 5.610 гласачи да излезат.

Уд тие 5,610 гласачи 51% ,односно 2,861 ако гу дадат гласут за един кандидат ,истиут пубедаве уф првиут круг.

ЗНАЧИ ЗА НАД 22,000 ЖИТЕЛИ,ДОВОЛНО Е 2,861 ДА ОДЛУЧЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ГРАДОНАЧАЛНИК.

Затоа уф недела излезејте си,гласајте си за кој мислите,за да не одлучават само 10% уд жителте кој ќе ни биде градски татко.

Твојут глас е твое право (макар и гласал си за Чак Норис).

Wednesday, March 20, 2013

Статуси (на Гивгилиски) бр.8


Избор на статуси...


-Кога немиш никуј,нема кој да забравиш.

-Чувек е бугат,толко колко шо има жиранти.

-Кога си сам ,нема кој да та уставе.

-И басут има контра.

-Не ви е крива држаавта,криви сте вие шо купуавте Ајфон пред да платте сметка.




-На тоа шо му е чист убразут-слободно си шете.

-Повеќе ценум длабоко грло,отколку плитки збораве.

-Шо си са фатил кути слеп за штаб.

-Македонија е толко путресана уд серијте,шо нема време да биде путресана уд реалните случувања.

-Уф партија са флеве исто кути за уф WC. Заради нужда...

-Не са важе слика пред огледало,ако не са гледе оти е уд Ајфон.

-Ва фаќе ли вас прекукурница уд изборте???

-Изгради црква,оти болницте са за атеисти.




-Ду крајни граници = ду крајници.

-Толко ного сељаци имме уф држаавта,шо не требе да са плашме уд граѓанска војна.

-Времто лече се.Затоа уф болница са чеке пу 2-3 саата.

-Сакат исти права кути мажите,а дремат кути гуски кога ќе а дунесат сметката уф кафичут.

-Македонија са саќе су цело срце,оти ако а сакиш су разум-удамна ќе си беше одан уд тука.

-Ако Бил Клинтон дубие нобелова награда за мир,тогаш Талат требе да дубие за тишина.

-Едвај чекум нова прилика за да а пропуштум.




-Да ми извиниш шо ќе ти простум.

-Јас на пример,не сум баш некуј пример.

-Којзнае колко п’та сум седел су сродна душа уф автобус,ама кој да знае.

-Изгледум кути да ми требе пиво.

-Ми са гласе-ми са плаќе.

-Са враќме пу плнењето на телефонут.

Sunday, March 17, 2013

Политиката е ... самовила


Извадок од книгата “Тибам Штркот“



Неколку пути до сега, исклучиво од радозналост, сум
покушавал да отворам муабет за политика. Ем не ми иде,
ем немам соговорници. Затоа решив да направам мала
анкета:


• На прашањето кој е премиер на Канада, пет души ми
одговорија различно, а другите пет немаа појма.

• За министри дефинитивно никој нема благе везе.

• Никој не можеше да наброи повеќе од една политичка
партија. А и таа една - повеќето ја утнаа.

• Сите знаеjа дека Канада е једина земја на светот што
нема претседател. Еее, сега ми стана јасно зашто у
официјална визита не се дојдени ни Бате Чире, ни Тхе
Ред Бане, а нема да дојде ни Хорхе Ивано. Нема кој да
ги пречека.

Кутрите испитаници; oд кај јадниве да ги знаат одговорите
на овие прашања кога на телевизија (а и на радио) е со
декрет забрането рекламирање на партии.
Никој не знае ни колкав мерак ме обзема кога листам
новини и часописи, а у нив нема ни трага од политички
реклами, кампањи...
А знаете ли дека никад у историја нa Канада не се десило
на билборди да има нешто друго освен коли и хамбур-
гери... Политичари?... Ар ју факин' џоукин' уит ми!?
Нормално е човек да се запраша – немогуќе е и за избори
да не се рекламираат. Е тука се предавам; се рекламираат
ама на специфичен начин. Секој симпатизер (или члaн
партијe) има можност на строго определено место (на
еквидистанца помеѓу тротоарот и пешачката стаза) да
постави многу малецко билбордченце. Истото се состои од
две жици (добар материјал за пачки за чатал) збрцани у
трава преку кои e навлечена најлон кеса со политичка
порука. Битно е дека ќесата има точно определена
димензија – отприлика 50х30 сантима. На истата е
отштампан и анфас на некој активист у месна заедница.
Правилото вика дека ликот мора да биде насмеан
(пожелно е да му се гледаат зубите), а целиот портрет не
смее да биде поголем од 20х15 сантиметри.

Thursday, March 14, 2013

Статуси (на Гивгилиски) бр.7


    Избор на статуси...





-Ми са дусади веќе да бидум свој,дај малце да бидум твој.


-Толко сум сопнан коњ шо са супнах уд безжичниут телефон.


-Близнак самоубиец пугрешка си гу утепал брат му.


-ИН ВИНО ВЕРИТАС,ИН СУПА ВЛАКНО.


-Крсти си а ќерката Македонија,да ти биде вечна.


-24 не е деливо су 7,ебатти простите...






-Човек уче дудека е ХИВ....шо ти значе една буква маме му.


-Сите са смејме на ист јазик.


-Ако е 16+ е креветоспособна.


-Охридско езеро тргна уф напад-му збуктиса веќе!


-Едино само ка ќе укључум бојлер,не са пујававе реклама на ДПМНЕ.


-Тоа шо не ма утепаве-нека трче побрзо уд мене.




-Не можум да гу замисљум животут без мене.


-Кога дечко ти е нервозан,пукажи му ги цицките,тоа ќе гу расположе.


-Ако девојка ти е нервозна,не и ги пукажави јајцата-тоа нема да а расположе.


-1000 зошто 1000 заради таа курва.


-Су кој си-таков си. Јас сум Компјутер.

Wednesday, March 6, 2013

Нов мобилен


Чувек праве роденден на негавиут син.

Гу канил и негавиут другар су детто да дојде,ама он бил на работа па а пуштил жена му.
После един саат дубијаве порака уд другар му:



-Сите сме на прослава на малечкиут,а сликах жена ти и ми кажа ного да та поздравум.ПОЗДРАААВ!!!






Три саата покасно истиут тип му пушќе оште една порака:

-Друже извини.
Имум нов мобилен и оште не сум му ги научил сите функции,не знам как работе зумирајнто.
Сега а видех и таа опција,ја ти а цела слика.







Оште едн’ш,ИЗВИНИ!!!

Tuesday, March 5, 2013

Статуси (на Гивгилиски) бр.6


  Избор на статуси...





-Дотерајте са,незнајте шо ви носе денут.Може споменик ви направиле.

-Сине!!! Не трчи пу секоја суќна,уф Шкотска си.

-Не си сељак ако уф сред песна не викниш:  “Па каже....“

-Сложни браќа куќа градат,сложни сестри-јавна куќа.

-Никуј п’т не са кари су тоа шо неможиш да са с,ириш.

-Ќерката: Тато ного сакум да ма запишиш на балет.

 Таткото: Дуцепи и дрвата там да не а еам мамати !!!!!

-Аааа не.Уд сега нанаќи млеко само уд цицка.




-Сине,пази да не ти кладат млеко уф пијалкут.

-Ако са виках Џемаил,ќе са путпишах су Gmail,мудерен сум јас.

-Статусот бил украден.Ми и Неда е Украден па шо.

-Тито Петковски ќе гу глуме Лесли Нилсен уф ноавто продолжение на Гол Пиштол.

-Душ’та најного боле уф грлото.

-За кој да навиавме,за бранта или за воата?

-Ма фати полицајка.И исплних три желби-и ма пушти.

-Татооо,гледи iPhone.Сакууууум. “ iPredmene“

-Видех една момичка сабајле как трче пу автобус.А прогласих за Miss the Bus на Македонија.




-А бе мамо,ма боле нешт....... –УД ЦИГАРТЕ ТИ Е !!!!

-Најдобар начин за чистење на екран на телефон е уд цицки.

-Ма убедават оти сите увезани коли са возани уд баба.

-Шо е убав воа свет,тука гомно,тука цвет.

-Кој бира-маструбира.

-Драган Вуќич фатил златна рипка,и она му кажала: Пушти ма бе сељак!

-Бар да си некуј,иако си ништо.

Tuesday, February 26, 2013

Статуси (на Гивгилиски) бр.5

   Избор на статуси...


-Са бајниш после секс? –Нормално. Е па ај еби почесто.

-Момичка и дете са бакнуват на дожут.За них романтично,за Зегин исплатливо.

-Перде веќе не е уф мода,а срам немум.

 Повод: Ситуација уф пуследните 2-3 дена...


-Ако сакиш здрав живот,јади овошје-а не гомна.

-Мамоооо,ма боле грлото.Ја там на маста има Септолете,напиј са. А ракија нема?

-Ни една дешавка уф ваа држава нема да гу натере народут да прупуште една епизода уд величествениут.

-Успеах дури 3 вира да прескокнум.Ама друјзте сите ги пугудих.

-Горд сум сам на мене оти немум гледано ни една епизода уд Величествениот.

-Ние не сме Бугарија,дека нас опозицијта пуднесаве оставка.

-Пред некуи серии требе да оде најава : Може да ја вознемири интелегентната публика.

-Афла мажјак – м’ж шо пие млеко.



-’Сине ,ти да не са другириш? ’ –А ти ќе са другириш су 200 денара уф џебут?

-АЛКОХОЛ - Течна верзија на ФОТОШОП.........са поднапиавиш.....и......сите ти се поубави......

-Му са заканих на детто,ако не а испие кока-колта ќе мора да бире: дукат или мегле.

-Ваа Сува река пуследните денаве е ного влажна.

-Очигледно е оти уд  дрвото шо са бере памет-не расте уф Македонија.

-Поплава, посина, поцрвена...

-Теоретски-секуј чувек има срце.

-Ма фати дремка.И исп’них три желби и ма пушти.



-Ги молум земјоделците уф иднина да са договорат уф нијно име един да кажуве молитва за дожд .. Тка секој поединично ако тере со молитвите ќе са издаавме !!

-Битка за излезаност!!! Вие ебани уф умут сте?

-Слободно покачејте го бензинут.Ние не сме Бугарија.

Saturday, February 23, 2013

Статуси (на Гивгилиски) бр.4

Избор на статуси...


-Зебрата најдобро оде кога са сервире за мезе су партија шах.Нормално,оде и су црно и су бело вино.

-Секогаш носум нож су мене,за некуј случајно да не искаре торта.

-Кога ќе кажат 9 уд 10 шумски пожари са предизвикани уд љуѓе,си викум-уф пм,некаде има мечка шо знае да куристе упаљач.

-Нема кафана дека шо не сум а управил држаавта.

-Сите наследават нешто дебело уд родителте,некуј дебел новчаник а некуи дебел гз.

-Стар си ако за возачка си пулагал на диносаурус.

-Стар си ако уф твое време Мртво море бил само болно.

-Паметут ти иде су гудинте.Ама,пунекуј пт гудинте идат сами.

-Љубов е кога клавиш 2 лажички цедевита повеќе уф нејнта чаша.

-Душо колко си имала пред мене? -14. –Вчера ми кажа 11? –Вчера за вчера.

-Снаата спие и и оде свекрвата. –Снаоооо,стани,сите твои другарки са станани уд сабајле. –И тебе сите другарки ти са умрани.

-Тоа шо не та утепаве,та инспирире за тетоважа.

-9 гудишна момичка са намачкала су крем на Орифлејм шо пумладаве 10 гудини,и са врнала у пичку материну.


-Дечкото си гу викала Бенедикт,оти и бил шеснајсти.

-Неи за пиво после 7 не са избуриме,а не па за евтина струја.

-Не са плаши не са бој,нема сметка Субмата Рој.

-Капакут уд шољјата гу сакум топол.

-Вчера и викум на една женска,едвај чекум да дојде 1 април и да ти каам оти си убава.Ми заљепи шамар.

-На Македонија не и е важно кој ќе биде нов папа,она си го папа и без папа.

-Чварки кога си гладна,три кила пудра кога си гадна.

-Не е важно колко гудини живот имиш,туку колко живот уф гудинте имиш.

-Тешко е да са биде Македонец,ако кумшијта нема коза.



-Секуј шо јаде пу три пти на ден разбире зашо книагте су рецепти са прудават повеќе уд книагте за секс.

-И само вдувица знае дека и е точно мжут.

-Подобро бугат мж отколко бугат речник.

-Не а суди книагта пу корицте не важе за Плејбој.

-Крв да ти са стори,оти сперма да ти са стори е малко срамота.

-Как изразаве Вмровка љубов? –Викни ма ка каве,да ти родум трето дете.

-Уф Кина на час пу вежби на ОТП прават ајфони.

-Моме,момеее.Ти падна комплекс.

Tuesday, February 19, 2013

Статуси (на Гивгилиски) бр.3

Избор на статуси...

-Не гу трушејте животут толко ефтино кути да е направан уф Кина.

-Не е скпо.Ти лошо си са мажила.

-Има два типа на луѓе.Су едните губиш време,а су друјзте осет за време.

-Верувум оти пустое живот на друга планета секогаш ке ќе гу видум гувернерут на НБРМ.

-Дај пичка!!! -Види го мангуп,ма убеди су два збора.

-Таткото на градут са пунаше кути градут да е на татко му.

-Как са вике мж шо са женил 5 пти? -Господар на прстените.

-Шо прават вмровци кога ке им прегоре ламбата? -На нејно место прават црква,оти тамо пред 460 гудини имало црква.

-Ако флезме уф ЕУ,кој ќе устане тука?

-Се тече,се са менуве,само Џокси секуја гудина са заљубаве.

-Верувајте Македонци Републиката Отиде

-Каква цицка има,друагта уопште не и требе.

-Поука уд Супер Марио-шо повеќе парички имиш-полесно стигиш ду принцеазта.



-Некуи момички са популарни,а некуи са ублечани.

-Да купиш кондоми,значи да си ги ебиш парте.

-Ако е Фата-Фатална,тогаш каква е Ана?

-Таа шо ќе ми биде жена,јака и душа каква свекрва ќе има.

-Не е силување ако жртвата сврше.

-Подобро да са родиш глуп,отколку Драган Вуќич.

-Може не сум магнет за жени,ама за фриждер...ехееееее

-ЛЕБАРКА е жена шо прудаве леб.


Thursday, February 14, 2013

Статуси (на Гивгилиски) бр.2


Избор на статуси......

-Здравиут чувек има илјада желби,а болниут една: Да биде здрав ко Чолич.

-Секуј пт кога си пијан гу знајш текстут на Чифте чифте пајтонлари.

-Пинокио бил направан уд бор.Да беше уд Македонија а не уд Италија ќе са викше Борче.




-Св.Никола бил исфрљан уд првиут Вселенски сабор уф Никеја заради шамарење колега.

-Уф мое време ден на дрвото и курвите беше уф пуниделник.

-И после уф цајканско комбе им а пеиш Јелол сабмарин.

-Момеее,џабе а влечиш суќната,нема да пурасне.И јас гу влечум 25 гудини.

-Јас жента секоа сабајле а будум су каве.Гу зимум ќесто и а чукум пу глаавта-стани мури еееејјј!!

-Ај ма испуши ми го,убаво е за забите.Как бе убаво????Па ако не ми гу испушиш-ќе ти ги
сукршум.

-Ај ќе играјме мижимала,ако ма најдиш ќе ма ебиш.А ако не та најдум? –Ќе бидум пузади фриждерут.

-Има некуи песни,сакум и уд youtube да ги избришум.

-Един уд најсветлите мументи уф животут ми е тогаш ка варих су швајцапарат без маска.

-Среќна менструација на сите шо а слават вадин.

-Пред да флезиш уф автобус избајни са или клај си парфем.-Пауло Коељо

-Куче шо лае-не каса фискална.

-Шо печурки требе да јадиш за на ФБ да направиш пруфил заедно су женска ти?

-Кога ќе ви снеме образи за вртење,пучнајте да са декларирте кути Македонци.- Исус Христус

-Женската не е убава заради цицки,гз и шминка......убава е заради
образование,став,цицки,гз,шминка.



-ЕКСКЛУЗИВНО: Уф Турција са сниме серија коа не е ХИТ.

-Дома е секое место дека шо може да какиш длго време,а да не са чуствувиш непријатно.

-Ако црна мачка ти гу пресече птут,значи е тргнала некаде.

-Не е толко ладно колко шо ви са тенки јакните.

-Моме,колко е саатут? Немум саат. Па немиш ни вкус за облечувајне,ама тоа не е тема на разговорут.

-Тоа шо уф автобус гу викат гужва,уф диското са вике атмосфера.

-Чомовски смајли :С

-Успехут е кути прдеж.Ги нервире друјзте ако не е нивен.

-Имум iPhone.Ми падна уф кофа су вода,дали е сега VodaPhone?

-Македонија на Македонците-Брегут на слоновта коска на слонавте.

Wednesday, February 13, 2013

Статуси (на Гивгилиски) бр.1


    Избор на статуси....

-Саках да и пишум на една женска,ама ка видех оти сама си клаве лајкаве-кој а ебе,нека си пише сама.


-Само умранте риби пливат пу течението на бодата.


-Да имше нобелова награда за мрза,ќе ми а дунесаа ду дома.


-Извинејте гуспужа,али пичка му матер на малечкиут.


-Дудека не пробум лав,сестра ти е најгулема курва.


-Да дипломириш,а да немиш ниту един ден работно искуство,е исто кути да а имиш читано Камасутра-а оште да си невин.



-Уд WC:
-Мамооооо!!!
--Шо,ти снема тоалет?
-Не ма,снема интернет,ресетири го рутерут.



-Сакајќи да а земе за жена,НЕСАКАЈЌИ а устави трудна.


-А гушкише само кога возеше рикверц.



-Добровечер,дај едно пиво.
--Дете,а ти имиш 18?
-А ти имиш линир за да ми гу измериш?



-Премиерут на интервју на Сител.Тоа е исто кути да го седниш татко ти и да го питиш колко ја саке мајка ти уф нејзино присуство.


-Шител и Анал 5 ги исклучих уд мојата листа на пруграми.Шо добро направи ТИ вадин за твојут мозок?


-Зашо Хари Потер на челто има знак уф облик на молња.Оти ка бил дете гу удрил Opel.


-Може сме малечка држава,ама правме гулеми проблеме.


-Кој високо лете,има шанси да ебе стујардеса.


-Едно не ми е јасно.Дали Кинејзте си тетовират кирилични букви?


-Толко е грда шо попут а крстил су пиштол на вода.


-Как са вике млекар уф Катар?- МилкШеик.


-Отказут на папта ги направи сите деца уф светут да бидат поголеми верници.Сите са молат наредниут да не биде црнец.


-А викале Југославија оти а имале растурано.


-Ми фалат пенкала дома.Кога са изборте?


-Погулеми са шансите Мирка да стане мис на Македонија,отколко да најдите дечко на фб.


-Ув чувечкото тело се е поврзано.Ќи си искубиш влакно уд гзут-одма ти путечават слзи уд очте.


-Уд утрински секс најного мразум ка ќе видум оти ми фале каве.




Sunday, December 2, 2012

Полиција?!?!?!

      На ден 01.12.2012 (сабота) во Гевгелија се одржа првенствен натпревар помеѓу екипите на КК Кожув и кк лирија.Натпреварот помина без никакви инциденти со победа на екипата на КК Кожув.

По завршувањето на натпреварот навивачката група Фантоми Север продолжи со прославата на победата над шиптарската екипа.


     И се ќе беше во ред доколку припадници на МАКЕДОНСКАТА полиција не приведеа 6 навивачи од навивачката група заради нарушување на јавниот ред и мир.


Заради ова имам да се изјаснам и да побарам неколку одговори дирекно од одговорните лица за оваа акција:

1.Кога некој шета со калашников низ центарот на Скопје-дали тоа е во ред?
2.Кога некој пали Македонско знаме во центарот на Македонија-дали е тоа во ред?
3.Кога на полициско комбе се поставува албанско знаме-дали тоа е во ред?
4.Кога половина главен град е прекриен со албански знамиња и се слушат безброј истрели од огнено оружје-дали тоа е во ред?
5.Кога некоја Македонска екипа игра во Сарај без никакво полициско обезбедување-дали тоа е во ред?

Не,не,не.Сите овие наведени примери и безброј други се во ред,но не е во ред доколку МАКЕДОНСКА навивачка група пее МАКЕДОНСКИ ПАТРИОТСКИ ПЕСНИ и тоа заради прослава за победата на МАКЕДОНСКИ тим против шиптарски.

Дали во Македонија полицијата за едни е мајка а за други маќеа?

Во време кога сите навивачки групи во Македонија се обединуваат,во време кога патриотизмот расте,полицијата прави невиден преседан со приведување на МАКЕДОНСКИ деца а шиптарските ги остава да прават што сакаат.

МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕ.МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ.

ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ

Tuesday, October 9, 2012

Па зошто бре М.М.Е.

Овие денови слушам дека ќе се изгласал закон за медиуми во кои е најверојатно опфатено и блогерајството.Така да можеби во иднина не ќе можам да пцујам и колнам на тие што ЈАС лично мислам дека треба да им се направи тоа.Можеби нема повеќе ни да пишувам постови за првачиња во кои се е мед и млеко,па затоа ги користам последните моменти пред да биде можеби изгласан законот.

Денес слушнав информации дека на плоштадот во Скопје ќе се поставело и вртелешка?!?!?!??

Со кој памет бе мамето ваше капиталистичко го правите тоа,А?


Знаете ли како иритира ова нешто кај обичните граѓани,оние кои едвај сврзуваат месец со месец,оние кои секојдневно се борат за корка леб,оние кои немаат пари на своите деца да им купат едно мало чоколадце-а за облека и да не збориме.

ПА ВИЕ СТЕ НЕНОРМАЛНИ БРЕ ЕЕЕЕЕЈЈЈ!!!!

Проектот ќе бил финансиран од буџетот на град Скопје.И што ако,па буџетот за рингишпил ли се користи?Нема ли попаметна работа во која може да се пренасочат тие пари?
Еве една моја проста математика:

160.000 евра или 9.840.000 денари.Ако е по 50 ден. картата,потребно е 196.800 луѓе да се извозат за да се поврати инвестицијата.Ако во просек се возат по 30 луѓе одеднаш ,6.560 старта треба да има оваа вртелешка.На толку стартувања незнам колку мотори ќе треба да се сменат.А доколку едно вртење со качување и симнување на луѓето трае 10 минути....мислам дека не вреди да се пресметува бидејќи се ќе оди во бесконечност.

Да се навратам на работниот век на еден електромотор(бидејќи сигурно нема да врти на ветер).
Електромоторот има свој век на траење бидејќи е составен од ротор и статор(и двата се потрошни материјали).Со самото работење (вртење) на роторот, конекциите(четкиците) со статорот се трошат.Овој потрошен материјал,за вакви големини на мотори чини десеткратно повеќе отколку кај најобичен мотор од домаќинството(перална,правосмукалка....).



Не навлегувам повеќе во стручноста на работата на советот на град Скопје,ама може барем малку да се чукнат по своите тикви кога носат вакви одлуки и да размислат дали можеби тие пари може да се пренасочат во други похумани цели.

А за исплатливоста на проектот.....е тоа ќе покаже времето.

Monday, October 8, 2012

НЕНОРМАЛИЗАМ И РЕНЕСАНСА


         Ма не знам как и уд дека да а почнум...

Оште на пучетук ќе каам:За мене свето тројство е ж’лта,шопска и една чаша ладна вода.
Арно ама ваа гудина думатте малко посолени са и реших шопската да а заменум су туршија или било шо устанано уд ланската зимница.Усеќум оти дугудина ќе јадме ефтини думати,дури и без пари ќе ни ги дават,оти најстина-без увреда земјоделците са телци.Ако ваа гудина думатте беа пу пејс денара килто,ним да мислите оти уд гудина сите ако сејте-сите ќе ги прудајте пу таа цена.Пазарна економија бе ЕЕЕЕЕЈ!!!!!Ним после Грујо да ви биде крив.

 Ама такви сме ние.Пред некуј ден уф нашиут ни мил ГРАДЕЖНОРЕНЕСАНСНОПАТРИОТСКИ главен град са утвури Сити Мол и оп тепачки пред вратте за кој да купе повеќе ефтина тоалетна хартија.И шо????Мер толко серкавци живејат уф нашта ни мила напатена држава?


А не ми е јасно шо ќе са случе ако на некуј му са прасере дудека чеке уф километарската колона за да а плате таа тоалетна хартија?Иронично ама најстина.
Него да ги уставме настрана Скупјајне,уствари тие и не са праавте Скупјајне,тие са баграта на нашто упштество,ама и они не са криви,Они живеале уф такво општество дека шо уф 4 саат сабајлето са чекало ред за леб,и тоа морало да имат врски уф пекарта за да стигнат ду шо поубава и погулема векна.
Едно мора да са знае,ним да мислите оти ако првата недела уд утварајнто не купте ефтин г’з-папир,после ќе гу истрошат и ќе нема.Секогаш ќе има,комунизмут удамна умре!!!

    Кога сум веќе дека комунизмут,сакум да каам неколко збора за вие наште опозиционери на кои партијта им са декларире кути кумунистичка а нема ни К уд тоа.Ного ма нервире ка плакат кути пички оти немало слобода на говор,немало демократија,немало слободни медиуми......

Па как бе јас можум да пишум шо кур ми саке тука на блогут,шо сакат пу сите телевизии да лафат против Грујо и “фамилијата“ и как ќе им прдне да гу вреѓат народут?? Да беме уф комунизам,да немше демократија,да немше слобода на говор-немше ни вие да на трујте су ваште глупости и ваште перани мозоци.
Пред некое време са направи кружниут ток.Треабше да биде завршан за 10 дена ,ама са одложи петкратно повеќе.Не е важно тоа,повеќе ми боде уф очи кументарто шо ги читах за с’то тоа време ду дека са праавше.
      Цел свет гу применаве кружниут тек на сообраќајут,секаде дека шо има можност наместо семафори са клават кружни текаве-само на нас ни прече.А оти?Оти толко а разбират некуи луѓе,толко знаат да возат.Него не сакум да а започнавум темта за сообраќајната култура,оти нема крај.
Се дудека са граде,е убаво за сите нас,не е важно која партија е на власт или кој градоначалник граде.Само не ма аресе кога кој как ќе стигне пљуе де пу власта,де пу мајсторте шо градат,де пу тие шо ги носат законте,а немат са питано дали можеби су них нешто не е уф ред.
Кој ду сега нема направано грешка?Кој и уф која област да работе нема направано некуј пропуст? КОЈ РАБОТЕ ,ТОА И ГРЕШЕ!!!!

Нормално е оти уф времто на бившиут ни наш претседател(сегашен ДЕМЕК лидер на опозицијта) не са грешило,ама тогаш не са ни градило.Как ќе згреше некуј ако не работе ништо,ако сите пари си ги клаве на сметки уф банки низ цел свет?
Дудуша, пу идејнто на власт на сегашната “патриотска“ влада,јас за прв п’т чујах НАРОДНИ ПАРИ?!???!!!А дека беа тие пари пред 2006 година?
    Уствари и самиут збор НАРОДНИ значи пари уд народут -за народут.
Е сеа пак ќе са врниме уф комунизмут.Сеа сакале влаата наместо да праве п’тишта и друга инфраструктура,да граде фабрики.А бе тукмаци едни,сватејте оти светут е флезан уф ноав доба-КАПИТАЛИЗАМ, вашиут комунизам удамна умре.Нема веќе градејне државни фабрики дека шо 50 души работат а 500 зимат плата.Така прупаѓе држаавта-а не са граде.

И кути за крај,ним да мислите оти сум ВМРО-вец,не ги сакум политичарто,ама гледум кој ми праве добро на мене и мојут народ-и за них ќе гласум.А се дудека имме таква-никаква опозиција,ваа влада ќе остане на власт.

ТЕНЌУ ВЕРИ МАЧ!!!