Tuesday, March 27, 2012



Се е наопко.

Не знам уд дека да зафатум.Вадин,ка станах сабајле си викум ај да оам су точкут на работа.Бензинут уде ду неабто,па мора да са почне да са штеде(уд сеа нанаќи колта ќе а паљум само зимта).Ама ебатти штедејнто,пугледнавум сабајле уд џамут,вонка кине слнце.Излевум само на блуза и тоа чигурова книга ама вонка ветар кути да сме декември месец.Ништо,са врнах дома,си а кладех винтијаагта и пак му излевум.И как шо сум таков-никаков,сите маљере пу мене,точкут издишан,ду душа само предната гума,ама мора да са пупме,гумта пуфка,не можум ни улицта да а пуминум а не па на работа да оам.Ај а земах пумпата и кути ненормален оште уф 15 ду 7 пумпах гума.

Биде шо биде,на гз на глава стигнах ду работта су ј’зикут испружан 3 метра пред мене.И пак ќе кажум,как шо ма дадел Госпуд т’ков-никаков,кључут уд работта сум гу забравил уф колта.Излапавеан.Него ај,дујде колеагта,он утвури.

Дујде време за удејне.Вонка 200 степена,сите зеат уф мене и са чудат шо праве воа ненурмалниут т’ка наублечан плус и на точук качан.Ама шо д праам,или н’сабајле ќи мрзнум или пуручок ќи са потум.Т’кво е времто уф Гивгилјиа.Как и да е вадин зашпарих пет-шесто грама бинзин.С’та среќа шо уф Гивгилија најгулемта гурнина е надвужнакут(нема друзи),иначе на такви спуртисти кути мене црно им са пише.

К’ква-т’ква,ладна или жешка,Гивгилија си е најубава за вузајне точук.

Пред некоа гудина имах прилика уф Штип да са возум на точук,ама тоа там е ненурмална работа.Единствено место шо нема гурнини-дулнини им е окулу таа ректа уф центарут,се друго е кути да ојш на Сифулајка су точук.
Един мој вујнички на времто кажа една јака:
“Кога дојдов во Гевгелија за прв пат,се почуствував како да сум во Тајван,и младо и старо,и машко и женско-сите се качени на велосипед“.

“Е таа е нашта Гивгилија-рамна кути типсија“-му кажах јас.

Wednesday, March 21, 2012

Гивѓиљијски летен живот

На времто са знајше ка ќе пукне пролетта дек може да са шете навечрта.Пред библиотекта,пу нашки ние си гу викахме лаваринтут пучнуавше да са “резервире“ место оште уд 8 саатут...После некоа гудина с‘та гужва са префрли пред театарут,па там са дешаваа ного дешавки,некуј играјше су летачка чинија,некуј су фудбал а некои са лапаа на зидчето на поранешно фм 100.Имше и такви шо седаа и цело време саир си гледаа,угувараа кој шо направил,лижаа сладолед или грицкаа семки и сунчуглед.

Ама поминаа тие времиња.Сега летно време тешко уф центарут да видиш љуѓе кои са излезани само за шетање.Сега обично уф центарут излеват тие шо одат на каве шема иако не секуј пт пијат каве.Може да са пие и обична кисала вода,ама битно е да си видан оти седиш уф кафичут.Оште погулем фраер ќе бидиш и ако си иссунчан,не е важно дек си са сунчал,може и на сифулајка,ама ќе кажиш оти беше уф Грција и тоа на крацте.Уф пуследно време гужвата са разреди насекаде низ градут,само не на шеталиштето(дека шо е и место за шетање).Сега повеќе народ ќе видиш пуд надвужнакут на клупте и чардакут,на булеварут пред алатницта итн. отколко уф самиут центар на градут.

Дунекаде и уф право са љуаѓто,са направиа ного клупички насекаде,са направија ного зелени површини насекаде,ја сеа на булеварут и палми сејаа,па шо ќи са замарат да шетат низ шетаљиштето и да ги глеат се тие исти фаци испуседнани уф кафичто.Плус тоа пу шеталиштето сеа мојш да вииш повеќе грци отколку наши љуѓе.Кути да са наоѓиш уф Грција а не уф Гивгилија.

А грцте си са приказна сами пу себе.Де ќе вијш некуј излезан уд ниавта,су калосани чизми,де некуј м’кне ќисијна су пиперки и зелка,де некуј жутке количка уд Тедико....Е тоа е најјакто дека них.Колта им е паркирана пред шумското,одат да купуват уд тедико и после а жуткат количката ду колта за да не ги носат уф р’кта ќисиинта.Воа нешто му даве ного гулем шмек на градут,исто кути да са наоѓиш уф некое планинско село ка ќе вииш какви “грци“ ни са шетат низ шеталиштето...

Обично ка ќе пукне пролетта пучнуват да са ваѓат уд подрумто точкавте и маторте.Е тогаш уф Гивгилија знајш оти пучнуве сезонта на смрдење ноќно време на запаљано ѓубре,измешано су смрдеа на гомна уд кукошки,тогаш знајш оти ду никое време ќе слушиш рикајне на матори.......Едноставно Гивгилија е створана за лето,ние не сме за зима.


Wednesday, March 14, 2012

Има земји кои би профитирале од дестабилизирањето на Македонија

Почнувајќи од Берлинскиот конгрес во 1878 година, а особено по Балканските војни од 1912/1913 година, соседните држави до денешен ден имаат нескриени претензии за македонскиот јазик, името и територијата. Забранувајќи им го на Македонците идентитетот, тие континуирано ги повторуваат своите фалсификувани барања, пропратени со проблематични аргументи, притоа верувајќи дека еден ден тие би се прифатиле како неотповикливи вистини.

Грчката дипломатија заборавајќи на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг од декември 2011 година, со која се отфрлени сите обвинувања на Атина дека Македонија ја крши привремената спогодба, по повод изјавата на министерот за надворешни работи Никола Поповски дека Грција ја суспендира времената спогодба, повторно излезе со обвинувања против Македонија. Амбасадорката Пападопулу тврди дека Македонија е земјата која никогаш не ја прифатила спогодбата и дека „по самитот на НАТО во Букурешт Скопје започнал политика на непријатеслтво и иредентизам користејќи ги грчките симболи и отворено искажувајќи дилеми за територијалниот статус кво на Јужниот Балкан“.

Истовремено грчкиот весник „То Вима“ ја пласира информацијата дека „Нимиц подготвува преодно име за влез на Македонија во НАТО“. Повикувајќи се на свои извори весникот пишува дека Нимиц смислува предлог за преодно, алтернативно име кое би можело да се искористи за покана за членство. Според „То Вима“ под името „Горна Македонија“, земјата треба да добие покана за членство во НАТО.

Случајно или не, ваквите обвиненија и предлози за алтернативно име Грција ги пласира во моменти кога во Македонија се случија инциденти во кои кукавички беа нападнати повеќе ученици. Инцидентите на кои им беше дадена етничка конотација, во кои инструирани „Албанци“ повторно делеа „правда“, беа будно следени од меѓународната заедница по што претставниците на ОБСЕ, САД и ЕУ излегоа со свои сопштенија во кои ги осудија насилствата.

Петар Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Фуле, осудувајќи ги инцидентите изјави дека: „Европската комисија е одлучно против насилството, и го осудуваме. Ги повикуваме сите да го почитуваат владеењето на правото. Ги поддржуваме напорите во правец на спроведување на законот. Изразуваме длабоко жалење за она што се случи, жалиме поради фактот што има повредени. Внимателно ја следиме безбедносната ситуација. Знаеме дека локалната и централната власт започнаа истрага. Веруваме дека власта, политичарите и цивилното општество ќе се справат со емоционалните последици, внимателно, и ќе повикаат на смирување“.

Етничките Албанци во Македонија веќе направија насилни чекори. Меѓутоа со помош на Западот, на албанското малцинство во Македонија му се обезбедија права со кои може без напор да го пасивизира македонското мнозинство. Со овој чин Македонците се доведени во еден понижувачки однос во сопствена држава да немаат право на глас, да бидат тепани а да неможат да одговорат. Во вакви односи, по пат плански и темпирани притисоци систематски се протеруваат македонските жители од т.н. „албански поседи“ како во западниот така и во северниот дел. Меѓутоа доколку Македонците се пожалат на етничко чистење, веднаш доаѓаат емисари кои не убедуваат дека Албанците немаат доволно права, дека рамковниот договор не е целосно спроведен и т.н.

Односите на Македонците и албанската етничка заедница во Македонија во многу нешта зависат од Тирана и состојбите на Косово. Секое бранување во односите на Приштина и Белград се рефлектира и во Скопје. Не случајно преставниците на ДПА по инцидентите во Гостивар и Скопје бараа покрај интервенција на меѓународната заедница и интервенција на Тирана и Приштина

Покрај Албанците и Грците како членка на ЕУ и НАТО можат да се однесуваат како што сакаат со Македонија. Како нивна членка Грција немора да стравува од притисок или пак исклучување заради Македонија. Отука, Македонија зависи од вољата на својот сосед, што е неприфатлива состојба.

Постои сомнеж дека со ваквото однесување на Грција се сака на македонската држава да й се оттргне тлото под нозете и на нејзината егзистенција, за да се препушти на уништување. Во тоа не мора, како што веќе е посочено, да учествува само Грција. Како што се виде на крајот на XIX и на почетокот на ХХ век, и како што повторно се покажува на почетокот на XXI век, има доволно заинтересирани, кои би профитирале од дестабилизирање на Македонија.

Извор:Македонска Нација (www.mn.mk)

Saturday, March 10, 2012

Се крчка ли новото “Рамковно“ поглавје во Македонската историја

За да може да се каже дека некој истепал некого,тоа мора да биде во рамноправна борба,еден на еден,тројца на тројца.....

Деновиве низ Скопје,Тетово,Гостивар и други места каде Албанците се побројни се случуваат вакви “тепачки“,во кои секогаш соодносот на тепаните со тепачите е 4-5 пати помал.Се прашувам што ли ќе се случи доколку на пример во Битола двајца Албанци истепаат Македонец.Каде ќе се преселат потоа?

Но да не се отргнеме од главната цел на овие настани,зад сево ова се крие нешто многу поголемо од обична меѓуетничка омраза.Вахабизмот во Македонија веќе подолго време пушта корени,и не само меѓу муслиманското население,туку и во нивните верски објекти.Неколку џамии се завземени од вахабистите,без притоа ИВЗ да реагира.
Втората и многу поважна цел е исконската желба на Албанците да живеат во една иста држава-Голема Албанија.Според одвивањето на настаните ова води само кон едно единствено сценарио,сценарио веќе видено во 2001 година.

Само што во 2001 година Македонскиот народ беше оштетен со еден документ наречен Рамковен договор.Документ кој беше подметнат од надвор а потпишан од неколку луѓе во Македонија.Таков договор во ниту една демократска држава не може да помине без референдум,немаше ни кај нас да помине,па затоа месеци наназад се појавија “борците за човекови права“низ планините.

Можеби грешам,дај боже да е така,но мислам дека со топењето на снегот на Шара ќе се стопи и ново поглавје во Македонската историја.

Wednesday, June 15, 2011

Во „Алшар" се скриени безброј мали сонца!



Познатиот научник, професорот по геолошки науки, д-р Блажо Боев, открива една не толку позната работа кај јавноста. Тој специјално за "Утрински весник" изјави:

- Во македонскиот рудник ?Алшар" на Кожуф има и лорандит, минерал на талиумот, кој служи за да се детектира, да се лоцира неутринот, кој пак има директно потекло од Сонцето и единствено на планетата го има тука. Талиумот во ?Алшар", а со тоа и неутринот, по своето количество е светски, планетарен раритет. Ако се успее да се одвои неутринот од талиумот, нашата планетарна наука ќе ги разбере процесите со чија помош се генерира енергијата на Сонцето. Футурустички, ако во тоа успееме, човекот, буквално, ќе може да произведува мали сонца, кои, по негова желба, ќе можат да се палат и да се гасат. Но, тоа е веќе длабока физика, а сепак е возможно, бидејќи го имаме ?Алшар", а со него и таа можност. Како научник, на светските геолошки конгреси, моите колеги со најголемо внимание се однесуваат кон мене бидејќи знаат дека го испитувам богатството на ?Алшар". Овој рудник во светската наука е извор за проучување на минатото и на иднината на вселената. Мојата единствена борба е овој македонски рудник да се заштити од страна на државата и да се прогласи како геолошки планетарен раритет.

Во и околу рудникот ?Алшар" на Кожуф, во чија утроба, како што тврдат светски и домашни научници, ги има голем број минерали од Менделеевиот систем. Таму, каде што го има лорандитот за детектирање на неутринот, од пред две години но и сега се забележуваат многу непознати лица, авантуристи, странски и домашни копачи на ретка руда кои, во плетени вреќи со оловни жици, отпорни на ураниумски или на други опасни зраци што зрачат од ретките руди во ?Алшар", ја вадат ретката руда и со автомобили и комбиња ја носат во непознат правец.

- До пред неколку недели, хеликоптери на МВР, но и хеликоптери со ознаки на НАТО, многу често надлетуваа над или слетуваа на рамните полјанки до рудникот, или со висечка сонда, обесена на хеликоптерот, го снимаа местото и длабочината на рудникот. Некои со помош на сондите копаа и земаа примероци од утробата. Пред неколку дена во рудникот влезе еден странец, Англичанец, кој во селово Мајден дојде со уште двајца мажи и една жена-преведувачка. И јас бев со нив. Тој нешто земаше, некаква светликава руда. Во Мајдан има руда со секаква боја. Она што го има внатре, го нема на друго место на Земјава. Во подземната темница разните светлечки минерали со секаква боја го покажуваат патот во длабочината, ни рече Илија Васов од соседното село Рожден.

Најстариот жител на Мајден, Никола Бинов, пак, вели: - Стар сум и не можам многу да спијам. Постојано сум на нозе. Ноќе и дење. Во последниве две-три години низ селово, а потоа кон ?Алшар", што е на две-триста метри од овде, одат и се враќаат непознати луѓе со автомобили и комбиња со и без регистарски таблички. Најмногу од нив се со бугарски национални ознаки. Знам дека сите тие бараат ретка руда, а најмногу злато и талиум. Двапати со мои очи сум ги видел донеодамнешните министри Љубе Бошкоски и Марјан Ѓорчев. Сум слушал дека Бошкоски се интересира за златото во ?Златица" и некои други рудници околу Кратово. Истото и овде се случува. Поминувале непознати, товарале руда од ?Алшар" и заминувале. Едно време, до пред осум-девет месеци кај ?Алшар" имаше тројца непознати коишто шетаа со оружје, ни рече Бинов.

Неговиот близок роднина Трајче Бинов, со кого патувавме кон ?Алшар", нў уверуваше дека тој често пати, во последните три години, од за него непознати луѓе бил земан како водич низ рудникот. Тој ни откри дека му се случило заедно со уште тројца непознати од Скопје, кои дошле со службен џип, не сакаше да каже од која и каква служба, заскитале во најдолгата( како што ни рече, над 5.000 метри) подземна јама на ?Алшар" и девет часа не можел да им го покаже патот кон излезот. Во тие часови, еден од скопјаните, во кожени кесиња ставал различна земја од рудникот. Во рудникот, продолжи Трајче, доаѓале најмногу странци од Бугарија и од Австрија. Како што дознал од некои од нив, Австријците најмногу се интересирале за ?Алшар" откако во Виена, пред дваесетина години дошол некој белграѓанец, професор по геологија, и таму пред повеќемина научници-геолози првпат одржал предавање за сў што се наоѓа во подземјето до неговото село. Бинов,, меѓу другото, додаде и тоа дека интересирањето на нашинциве, но и на странците за некакви спортски објекти на Кожуф не било ништо друго, туку да бидат близу до окната и да го експлоатираат ?Алшар".

Рудникот ?Алшар" се наоѓа триста метри од малото село Мајден, на патот Ваташа-грчка граница во длабочината на Кожуф, во Општина Конопиште. Во неговата внатрешност се влегува низ осум широки отвори во земјата. Во него, над пет илјади години се копа злато, талиум, кристали на лорандитот, антимон кој служи за легирање на тешкото оружје и други минерали што ги има само во овој рудник. Два од осумте отвори на јамите од подземните копалишта се долги шест илјади метри со калдрма, денес многу оштетена. Тоа го тврдат селаните-рудари од Мајден, Рожден, Мрежичко и од Кнопишта, со кои разговаравме, но и научници и стручњаци кои не се многу расположени да зборуваат за рудникот. Познати светски геолози овој рудник го нарекуваат најчувана тајна на нашата планета. Некои него го вреднуваат и како најголема тајна на човештвото, бидејќи во неговата утроба, наводно, се криела тајната на постанокот на космосот и на Сончевиот систем!

Рудникот "Мајден" го добил името Алшар според презимето на првите странски сопственици, Французите Алатини и нивниот инженер Шарито, кои овој рудник го експлоатирале меѓу 1913 и 1923 година. Меѓу другото, тие рудата антимон, со највисок квалитет, ја користеле за потребите на француската воена индустрија за изработка на челични цевки на топови. Антимонот и другите ретки руди од ?Алшар" биле познати уште во времето на првите човекови цивилизации.

Лево, на двесте метри од ?Алшар" има еден вечно зелен рид на кој не смее да стапне ниту човекова нога ниту преживари. Во земјата на ридот има талиум, отров многу поопасен и од арсенот (го има во помали количества), од кој, ако се внесе во организмот го соборува секој крупен добиток што се напасува таму. Уште полево од ?Алшар" и од ридот, се наоѓаат извори со топла вода, а наспроти нив, на крајот на селото Мајден, селаните експлоатираат некаков бел минерал со кого ги перат алиштата, ги мијат садовите и ги чистат сите простории во своите домови. Овој природен правкаст минерал го има во неограничени количества. Волшебниот маѓепсан терен околу ?Алшар", познат меѓу староседелците како Црвена Долина, е вистинска енигма за научниците.

Saturday, May 28, 2011

Досега необјавена наредба за забрана на македонскиот јазик која грчката држава официјално ја издала до своето МНР и МВР, како и до сите државни нотари

Македонците од Леринската префектурата во 1954 г. во формуларите кои ги пополнувале за добивање лични документи, наведувале дека нивниот јазик бил македонскиот. Тоа го констатира Управа на Леринската префектура, која водејќи се од националните интереси на грчката држава упатува наредба до сите матичари во префектурата да го остранат овој недостаток и понатаму на прашањето за мајчинот јазик, секогаш да пополнуваат дека е тој грчкиот. Ова е доволен доказ кој ни покажува дека и покрај сите негирање за постоењето на Македонците во Грција, де факто грчката држава била запознаено за нивното опстојување. Бидејќи, документот покрај до сите матичари, били испратен до грчките МНР и МВР.

Политика на асимилација на Македонците во Егејскиот дел на Македонија, продолжила и по завршувањето на еднодецениските воени судири во Грција (1940-1949). Намалувањето на бројот на македонското население по завршувањето на овој период, кој се движел околу 100 000, не ги двоумело властите во Атина да го продолжат курсот на трансформирање на националната свест кај негрчкото население. Планот предвидувал целосна хомогенизација на грчката нација-држава. Се наложила потребата од целосно губење на историската меморија кај Македонците, што требало да се постигне преку менување на етничката свест и создавање на грчка. Од друга страна, позитивниот исход за официјалната грчка политика на крајот на војната, значело и можност македонското прашање, во самата грчка држава, но и во надворешниот свет, да го престави каконепостоечки проблем. Новиот курс на грчката држава, кој трае до ден денес, се темелел на неоснованите факти, дека по заминувањето на поголем број на Македонци по Граѓанската војна, останатото македонско население кое продолжило да живее во рамките на грчката држава се одликувало со наводна јасна грчка свест, и поради тоа, ја прифаќаат и бараат дефинитивно асимилирање кон останатото грчко национално јадро. Политиката на т.н. непостоечки проблем, значело согласност на неприфаќање јавна дискусија на оваа тема, не само на меѓународен план, туку и во рамките на внатрешниот политички живот. За прв пат ваквиот став, со јасно објаснување и давање на насоки во тој правец, во 1950 год. во грчкиот парламент го изнел тогашниот министер за надворешни работи, Јоанис Софјанопулос. Додека, поранешниот грчки премиер Георгиос Папандреу, кој бил критикуван од неколку грчки десничарски весници, дека во март 1965 год. за време на официјалната посета на Белград ја поставил оваа табу тема, одговорил: За Грција македонски проблем не постои. Па следователно на тоа, не е можно истиот да преставува тема за разговор.

Офцијална Атина колку и да се обидувала или успешно ја спроведувала политиката натабу тема, односно, дефинирајќи го проблемот со македонското национално малцинство во Грција по завршувањето на Граѓанската војна како непостоечки, фактичката ситуација на терен, но и мерките и законите кои биле преземени во повоениот период, покажуваат дека повеќедецениските напори за нивна асимилација и етничко чистење сé уште не била дефинитивно завршена работа. Од друга страна, ако се прифати ваквиот став на грчката држава, логично би било да се донесат некои очигледни констатации, но и прашања за кои би требало да се добие соодветен одговор од грчката историја и политика. Така на пример, ако се прифати фактот дека по завршувањето на еднодецениските воени судири во Грција повеќе не постои македонско прашање, т.е. непостојат етнички Македонци, логично би следел заклучокот дека истите во претходниот период на таа територија егзистирале. Но, за жал официјалната грчка држава и тој факт го негира, и покрај тоа, што голем број на историски документи, извори и сé уште живи сеќавања го тврдат спротивното.

Редакцијата на Македонска Искра повторно му се заблагодарува на м-р Димитар Љоровски Вамваковски благодарение на кој овој документ е достапен за македонската јавност.

Во продолжение следи преводот на документот од грчки на македонски јазик:

К.

ЛЕРИНСКА ПРЕФЕКТУРА Лерин, 11 март 1954

ЛЕРИНСКА ПРЕФЕКТУРА До

Бр. на протокол ЕМП.139 Матичарите на леринската префектура

Затоа што некој од вас, и покрај дадените упатства и очигледно од не знаење на значењето на зборовите, продолжуваат при пополнување на формуларите за статистика (брак, раѓање и смрт) и посебно за раѓање (прашање 11: „ – Кој е мајчиниот јазик на таткото? … на мајката? …) да одговарат без да размислуваат: „македонски“, „албански“, „лазики“ (пондиски дијалкт), „влашки“, „македонски идиом“ и друго, ви даваме до знаење за следните работи, за кои ви предлагаме и ви го потикнуваме вниманието, за да исчезне еднаш и засекогаш оваа неоснованост, која може да предизвика сериозно недоразбирање и искористување од неконтролираната антигрчка пропаганда, како што скоро се случи од комунистичките бандити кои беа потикнати однадвор, кои ги нарекуваа автохотните жители на грчка Македонија – Славомакедонци и друго.

Јазик се нарекува дијалектот кој има азбука и граматика, и кој се предава официјално во училиштата.

„Македонски“ јазик, како што е одговорот од некој од вас на горенаведеното прашање, или „словенски“ јазик не постоеше никогаш во грчка Македонија, а тие кои тврдат за обратното се жртви на антигрчката пропаганда, очигледно од не знаење.

Говорниот идиом од мал процент на жители на Македонија, домородци, воглавно постара популација, не е официјален јазик, но месен јазичен идиом, затоа што ако беше јазик би требало како што се кажа погоре, да има азбука и граматика, т.е. со него да може да се врши коресподенција, точно како што се случува со ГРЧКИОТ, ФРАНЦУСКИОТ, АНГЛИСКИОТ и други официјални јазици.

Од друга страна, ви е познато на сите вас дека надворешните комунистички бандити по нередба на нивните патрони, Словените, наметнаа во текот на окупацијата и во Граѓанската војна која следеше невидливи обиди за да ги престават автохтоните (домородците) жители на Македонија како „Славомакедонци“ и говорниот идиом од мал број на жители, како „славомакедонски“ јазик. Но тоа преставува измислица на агентите на Словените, комунистичките бандити, затоа што основано и официјално утврдено е дека говорниот месен јазичен идиом од минимален број на жители, е збир на зборови од разни јазици (грчки, турски, латински и други), меѓу кои на прво место е грчкиот јазик и во голем процент.

Ова е испитано од голем број на грчки филолози и странци, и е елаборирано во некои признати научни списанија, но е лесно да се испита и од било кого, доволно да го знае значењето на зборовите.

Но независно од сето погоре кажано, дури иако месниот јазичен идиом се сметаше како јазик, не е возможно овој некогаш да преставува доказ за етничка состав на населението на грчка Македонија, кој смета како најголема навреда да се нарекува некогаш (славомакедонски народ), а не чисто грчки и да го заборави неговото историско потекло, кое почнува од античките борци – Македонци, кои ја составија војската и културниот поход на неспоредливиот низ вековите филозоф – Аристотел од Стагира на Халкидики, чии дела се напишани на грчки јазик. Но освен историското потекло на автохтоните жители на грчка Македонија, тие можат да ја истакнат нивната голема љубов кон татковината, херојство и жртви и нивното трпение, кои никогаш не може да се посомнева.

Кога така стојат работите, мора составувањето на формуларите во иднина да се прави со големо внимание. Последователно ќе се смета како јазик (на таткото или на мајката) на тој на кој им се предаваше во училиштата, т.е. грчкиот и со кој кореспондираат меѓу себе, и не на оние месни јазични идиоми без јазични правила. Значи, на прашањето кој е таковиот или мајчинскиот јазик ќе се пишува: Г Р Ч К И.

Соопштување ПРЕФЕКТ

1/ Министерство за надворешни работи К. Тусилдис

Прва Генерална управа

Управа на институцијата

Атина

2/ Генерална управа на северна Грција

Управа за внатрешни работи

Солун Точен препис

Шеф на Првата управа