Wednesday, March 14, 2012

Има земји кои би профитирале од дестабилизирањето на Македонија

Почнувајќи од Берлинскиот конгрес во 1878 година, а особено по Балканските војни од 1912/1913 година, соседните држави до денешен ден имаат нескриени претензии за македонскиот јазик, името и територијата. Забранувајќи им го на Македонците идентитетот, тие континуирано ги повторуваат своите фалсификувани барања, пропратени со проблематични аргументи, притоа верувајќи дека еден ден тие би се прифатиле како неотповикливи вистини.

Грчката дипломатија заборавајќи на пресудата на Меѓународниот суд во Хаг од декември 2011 година, со која се отфрлени сите обвинувања на Атина дека Македонија ја крши привремената спогодба, по повод изјавата на министерот за надворешни работи Никола Поповски дека Грција ја суспендира времената спогодба, повторно излезе со обвинувања против Македонија. Амбасадорката Пападопулу тврди дека Македонија е земјата која никогаш не ја прифатила спогодбата и дека „по самитот на НАТО во Букурешт Скопје започнал политика на непријатеслтво и иредентизам користејќи ги грчките симболи и отворено искажувајќи дилеми за територијалниот статус кво на Јужниот Балкан“.

Истовремено грчкиот весник „То Вима“ ја пласира информацијата дека „Нимиц подготвува преодно име за влез на Македонија во НАТО“. Повикувајќи се на свои извори весникот пишува дека Нимиц смислува предлог за преодно, алтернативно име кое би можело да се искористи за покана за членство. Според „То Вима“ под името „Горна Македонија“, земјата треба да добие покана за членство во НАТО.

Случајно или не, ваквите обвиненија и предлози за алтернативно име Грција ги пласира во моменти кога во Македонија се случија инциденти во кои кукавички беа нападнати повеќе ученици. Инцидентите на кои им беше дадена етничка конотација, во кои инструирани „Албанци“ повторно делеа „правда“, беа будно следени од меѓународната заедница по што претставниците на ОБСЕ, САД и ЕУ излегоа со свои сопштенија во кои ги осудија насилствата.

Петар Стано, портпаролот на еврокомесарот за проширување Штефан Фуле, осудувајќи ги инцидентите изјави дека: „Европската комисија е одлучно против насилството, и го осудуваме. Ги повикуваме сите да го почитуваат владеењето на правото. Ги поддржуваме напорите во правец на спроведување на законот. Изразуваме длабоко жалење за она што се случи, жалиме поради фактот што има повредени. Внимателно ја следиме безбедносната ситуација. Знаеме дека локалната и централната власт започнаа истрага. Веруваме дека власта, политичарите и цивилното општество ќе се справат со емоционалните последици, внимателно, и ќе повикаат на смирување“.

Етничките Албанци во Македонија веќе направија насилни чекори. Меѓутоа со помош на Западот, на албанското малцинство во Македонија му се обезбедија права со кои може без напор да го пасивизира македонското мнозинство. Со овој чин Македонците се доведени во еден понижувачки однос во сопствена држава да немаат право на глас, да бидат тепани а да неможат да одговорат. Во вакви односи, по пат плански и темпирани притисоци систематски се протеруваат македонските жители од т.н. „албански поседи“ како во западниот така и во северниот дел. Меѓутоа доколку Македонците се пожалат на етничко чистење, веднаш доаѓаат емисари кои не убедуваат дека Албанците немаат доволно права, дека рамковниот договор не е целосно спроведен и т.н.

Односите на Македонците и албанската етничка заедница во Македонија во многу нешта зависат од Тирана и состојбите на Косово. Секое бранување во односите на Приштина и Белград се рефлектира и во Скопје. Не случајно преставниците на ДПА по инцидентите во Гостивар и Скопје бараа покрај интервенција на меѓународната заедница и интервенција на Тирана и Приштина

Покрај Албанците и Грците како членка на ЕУ и НАТО можат да се однесуваат како што сакаат со Македонија. Како нивна членка Грција немора да стравува од притисок или пак исклучување заради Македонија. Отука, Македонија зависи од вољата на својот сосед, што е неприфатлива состојба.

Постои сомнеж дека со ваквото однесување на Грција се сака на македонската држава да й се оттргне тлото под нозете и на нејзината егзистенција, за да се препушти на уништување. Во тоа не мора, како што веќе е посочено, да учествува само Грција. Како што се виде на крајот на XIX и на почетокот на ХХ век, и како што повторно се покажува на почетокот на XXI век, има доволно заинтересирани, кои би профитирале од дестабилизирање на Македонија.

Извор:Македонска Нација (www.mn.mk)

No comments:

Post a Comment