Thursday, April 3, 2014

„НОВОМАТИК“ ГИ ЗАГРИЖИ ГРЧКИТЕ КАЗИНА




Грчките казино-оператори стравуваат дека би можеле да загубат уште повеќе коцкари во соседната Република Македонија, откако австрискиот коцкарски гигант „Новоматик“ повторно отвори казино на границата на двете земји. Вака ја почнува својата анализа „Гемблинг комплајанс“, онлајн-издавач на правни, регулаторни и бизнис информации за глобалната индустрија на игри, објавена на 25 минатиот месец, откако австриската компанија „Новоматик“ стана целосен сопственик на популарното казино-хотел „Фламинго“ во Гевгелија, плаќајќи за него, како што објавија овдешните медиуми, 20 милиони евра.

„Утрински“ веднаш по објавувањето на зделката пред десетина дена побара од раководството на „Фламинго“ повеќе детали за трансакцијата, за доходовноста на овој бизнис, како и за очекувањата на новиот сопственик. Одговор добивме директно од „Новоматик“, во кој компанијата наведува дека најмногу може да ни помогне статијата на „Гемблинг комплајанс“. Според овој текст, „Новоматик“ соопштил дека го купил казиното „Фламинго“, едно од најголемите казина во Македонија, за, како што навеле, да ја задоволат побарувачката кај грчките коцкари. Според „Новоматик“, досегашните нивни инвестиции во земјава изнесуваат 40 милиони евра, а по нив следува и купувањето на „Фламинго“.

Главниот извршен директор на „Новоматик“, Франц Волфарт, вели дека казината во Грција „не можат да ја задоволат побарувачката“, бидејќи грчките коцкари ги преполнуваат местата околу автоматите на компанијата.

Димитрис Панагеас, правен советник за најголемото казино во Грција, „Клуб-хотел Лутраки“, вели дека преземањето од „Новоматик“ на работата на казиното „Фламинго“ предизвикува загриженост кај грчките оператори.

„Тоа е голем оператор и јас очекувам дека грчките казина ќе имаат потешкотии и ќе загубат многу клиенти на тој пат. Јас сум убеден дека ’Новоматик‘ ќе вложи некои инвестиции во казиното и дека соодветно ќе привлече повеќе клиенти, дури и од Грција, бидејќи многу Грци веќе ги посетуваат казината во Македонија“, истакнува Панагеас.

Според анализата, „Новоматик“, кој е еден од најголемите производители на автомати во Европа, се очекува да се фокусира на рекламирање на 470 коцкарски апарати за казино, повеќе отколку мошне помалата сегашна колекција од 34 коцкарски маси.

„’Новоматик‘ ќе вложи пари во тоа, ќе го донесат Ники Лауда и ќе имаат големи главни добивки. Целата маркетиншка филозофија околу ’Новоматик‘ ќе биде за производот од автоматите“, вели Ијан Гослинг, главен извршен директор на „Реџенси ентертејмент“, кој работи со две казина во Грција.

Во статијата се потенцира дека казиното „Фламинго“ се наоѓа во коцкарскиот центар Гевгелија, на пет часа од Атина и само еден час од Солун, вториот најголем град во Грција и главен транспортен центар за остатокот од Југоисточна Европа.

Според грчките оператори, трите големи казина на границата на Македонија „Принцес казино“, „Хотел Аполонија“ и „Фламинго“ привлекуваат само грчки коцкари. „Единствената причина поради која тие се таму е да ги насочат грчките коцкари од Солун и другите мали градови кои се наоѓаат на грчката граница“, изјавил Гослинг, кој раководи со огромно казино на „Реџенси“ во Солун. „Многу пари ја минуваат грчката граница и трговците на Солун апелираат кај владата дека таа треба да направи нешто околу тоа, бидејќи сите губиме пари. Казиното ја губи работата, но и многу други бизниси губат работа, бидејќи е поевтино да се наполни бензин, да се посети стоматолог или супермаркет од другата страна на границата“, вели Гослинг. Близината на Гевгелија и потрошувачката моќ на еврото се причините поради кои е поевтино луѓето да ги посетуваат казината во Македонија отколку трите грчки казина во северниот дел на Грција. „Македонскиот пазар не е голем пазар, но е многу атрактивен и се' се сведува на тоа колку се трошоците за работа на казиното“, изјави Панагеас, додавајќи дека не можат да се споредат трошоците за работа меѓу грчките казина со оние на „Фламинго“ или други казина во таа област.

Инаку, се вели во анализата, казината во Гевгелија силно се рекламираат во Грција и за нив е вообичаено да организираат настани и да нудат бесплатен хотелски престој.





Превземено од Утрински










.

Wednesday, March 5, 2014

ДНЕВНИКОТ НА САВА МИХАЈЛОВ ( 2 дел )




      ...Уште како ученик во Цариград во мене почна да се раѓа идеја за
независност од Турците.Кога учев во Солун ,во 7 клас,имавме таен собир во
училиштето и дознав дека Даме Груев,кој тогаш се наоѓаше во Штип,спрема некаква
револуција.Но дали имаше организација-не знаев.
Таму тајно ни доставуваа весници: ГЛАС
МАКЕДОНСКИ,ПРАВО,АВТОНОМИЈА,ДРУГАРИ,СОЦИЈАЛИСТИ.Кога заминав во
Кавадарци како учител сеуште не бев посветен на делото.Во тоа време во
Кавадарци веќе имаше формирано комитет кој постоеше од 1894 година.Тој комитет
беше формиран од Даме Груев пред да замине во Штип.Во тоа време комитетот
броеше само три члена.Тогаш излегуваше весникот “Бунтовник“ кој се печатеше во
централниот комитет во Солун каде што член беше и Даме Груев,како инспектор за
солунските училишта.

Еден од другарите,Иван Мишев,беше претседател на комитетот во Кавадарци.Тој ми
ги прочита правилата на организацијата,но не сакаше да дадам свечена заклетва
пред кама и револвер.Оттогаш станав член на организацијата (кон крајот на 1895 г.)
Главниот учител во Кавадарци,Канчев,беше човек на османлиите.Осети кај мене
нешто и под казна ме префрли во с.Ракита.
Во ова село уште ништо не се знаеше за организацијата.Имаше само една
учителка,па заедно со неа почнавме да го подучуваме месното население.Како член
на комитетот бев задолжен да ги издавам членските книшки.Почнаа да се
зачленуваат и учители од сите околни села,освен од с.Кајлари-таму беше чисто турско население.



                                                Михајлов,Сандански и Асенов


Откога почнавме да ја шириме идејата за организацијата бев во постојан контакт со
Пере Тошев од Битола.Преку него контактирав и со централниот комитет во Солун
со шифрирани писма.Не останав долго во с.Ракита.
Си дадов оставка и отидов во Неготино.Таму ме назначија за главен учител на
второкласното училиште.

И овдека имаше комитет,чија главна задача беше
организирање и зголемување на бројот на членовите од околината.Потоа бев
префрлен во с.Богданци(Гевгелиско).И овде имаше основано комитет од еден мој
поранешен другар од солунската гимназија,кој предавал овде додека јас бев во
Кавадарци.Членовите веќе имаа набавено пушки и револвери од Бугарија.Нашите
членови ги пренесуваа преку канали од Струмичко.

Кога дојдов во Гевгелија бев член на раководното тело на комитетот.Претседателот
Андон Костов,од Дојран,беше главен учител.Член исто така беше и Аргир Манасиев
од с.Сеово(Гевгелиско),кој исто така беше учител.Тогаш се случи Валандовската
афера (1898-99).

Ние веќе во Гевгелија имавме формирано чета,една од првите.Некои луѓе од
Солун,терористи,извршиле некои напади во Солун и беа пребегале во
Гевгелиско.Нашата чета одеше по селата и го штитеше населението од нив.Почнаа
да се придружуваат и други,па четата порасна на 12 души.Се разделивме во три
чети,од која едната замина за Ениџе.
Потоа во Гевгелија пристигна Михаил Попето од четата на Гоце Делчев.И тој
пристигна со мала чета,5-6 души,и почнаа да дејствуваат во духот на организацијата.







....продолжува


.


Monday, February 24, 2014

ДНЕВНИКОТ НА САВА МИХАЈЛОВ ( 1 дел)


Предговор:

Сава Михајлов,како учител во с.Кавадарци се приклучува на организацијата.Во Гевгелија тој е поставен да раководи со организацијата.Во Софија ја воочува опасноста за организацијата од страна на врховистите и решава да се бори против нив.Михајлов во Џумајско се среќава со Сандански и Чернопеев каде што учествува и во аферата Мис Стон.



                 Моето име е Сава Михајлов,роден сум во с.Мачуково,Гевгелиско.
Образованието го започнав во родното село,а потоа продолжив до 4 клас во Цариград до 1892 година.Во Солунската гимназија учев од 5-7 клас (1892-1895 год.).
 Во 1895 година бев назначен за учител во с.Кавадарци,потоа во 1896 во с.Рикита и во с.Неготино до 1897 година.
Во 1898 год. бев префрлен во с.Богданци (Гевгелиско),а потоа и во Гевгелија до 1900 година.

Во 1901 год. преминав во четата на Јане Сандански се до земањето пари за Мис Стон.






          Потоа заминав во Софија,каде претстојував до 24 јануари 1902 год. со Крсто Асенов и Јане Сандански.Во Македонија се вратив на 6 април заедно со Сандански каде останавме до крајот на мај.Бев повикан од Сарафов да се вратам во Софија.

На 10 јануари 1903 год. заедно со Сарафов и со својата чета од 10 души преку Кочанско тргнавме накај Гевгелија.Попат ,во Малешевијата се сретнав со Крсто Асенов,зедовме 10-12 товара динамит и оружје и ги префрливме во Кукуш и Солун.
Откога ја завршив задачата,од Солун се вратив во Гевгелија и таму останав за враме на Илинденското востание.







продолжува...





.