Wednesday, March 5, 2014

ДНЕВНИКОТ НА САВА МИХАЈЛОВ ( 2 дел )




      ...Уште како ученик во Цариград во мене почна да се раѓа идеја за
независност од Турците.Кога учев во Солун ,во 7 клас,имавме таен собир во
училиштето и дознав дека Даме Груев,кој тогаш се наоѓаше во Штип,спрема некаква
револуција.Но дали имаше организација-не знаев.
Таму тајно ни доставуваа весници: ГЛАС
МАКЕДОНСКИ,ПРАВО,АВТОНОМИЈА,ДРУГАРИ,СОЦИЈАЛИСТИ.Кога заминав во
Кавадарци како учител сеуште не бев посветен на делото.Во тоа време во
Кавадарци веќе имаше формирано комитет кој постоеше од 1894 година.Тој комитет
беше формиран од Даме Груев пред да замине во Штип.Во тоа време комитетот
броеше само три члена.Тогаш излегуваше весникот “Бунтовник“ кој се печатеше во
централниот комитет во Солун каде што член беше и Даме Груев,како инспектор за
солунските училишта.

Еден од другарите,Иван Мишев,беше претседател на комитетот во Кавадарци.Тој ми
ги прочита правилата на организацијата,но не сакаше да дадам свечена заклетва
пред кама и револвер.Оттогаш станав член на организацијата (кон крајот на 1895 г.)
Главниот учител во Кавадарци,Канчев,беше човек на османлиите.Осети кај мене
нешто и под казна ме префрли во с.Ракита.
Во ова село уште ништо не се знаеше за организацијата.Имаше само една
учителка,па заедно со неа почнавме да го подучуваме месното население.Како член
на комитетот бев задолжен да ги издавам членските книшки.Почнаа да се
зачленуваат и учители од сите околни села,освен од с.Кајлари-таму беше чисто турско население.



                                                Михајлов,Сандански и Асенов


Откога почнавме да ја шириме идејата за организацијата бев во постојан контакт со
Пере Тошев од Битола.Преку него контактирав и со централниот комитет во Солун
со шифрирани писма.Не останав долго во с.Ракита.
Си дадов оставка и отидов во Неготино.Таму ме назначија за главен учител на
второкласното училиште.

И овдека имаше комитет,чија главна задача беше
организирање и зголемување на бројот на членовите од околината.Потоа бев
префрлен во с.Богданци(Гевгелиско).И овде имаше основано комитет од еден мој
поранешен другар од солунската гимназија,кој предавал овде додека јас бев во
Кавадарци.Членовите веќе имаа набавено пушки и револвери од Бугарија.Нашите
членови ги пренесуваа преку канали од Струмичко.

Кога дојдов во Гевгелија бев член на раководното тело на комитетот.Претседателот
Андон Костов,од Дојран,беше главен учител.Член исто така беше и Аргир Манасиев
од с.Сеово(Гевгелиско),кој исто така беше учител.Тогаш се случи Валандовската
афера (1898-99).

Ние веќе во Гевгелија имавме формирано чета,една од првите.Некои луѓе од
Солун,терористи,извршиле некои напади во Солун и беа пребегале во
Гевгелиско.Нашата чета одеше по селата и го штитеше населението од нив.Почнаа
да се придружуваат и други,па четата порасна на 12 души.Се разделивме во три
чети,од која едната замина за Ениџе.
Потоа во Гевгелија пристигна Михаил Попето од четата на Гоце Делчев.И тој
пристигна со мала чета,5-6 души,и почнаа да дејствуваат во духот на организацијата.







....продолжува


.


No comments:

Post a Comment