Tuesday, October 9, 2012

Па зошто бре М.М.Е.

Овие денови слушам дека ќе се изгласал закон за медиуми во кои е најверојатно опфатено и блогерајството.Така да можеби во иднина не ќе можам да пцујам и колнам на тие што ЈАС лично мислам дека треба да им се направи тоа.Можеби нема повеќе ни да пишувам постови за првачиња во кои се е мед и млеко,па затоа ги користам последните моменти пред да биде можеби изгласан законот.

Денес слушнав информации дека на плоштадот во Скопје ќе се поставело и вртелешка?!?!?!??

Со кој памет бе мамето ваше капиталистичко го правите тоа,А?


Знаете ли како иритира ова нешто кај обичните граѓани,оние кои едвај сврзуваат месец со месец,оние кои секојдневно се борат за корка леб,оние кои немаат пари на своите деца да им купат едно мало чоколадце-а за облека и да не збориме.

ПА ВИЕ СТЕ НЕНОРМАЛНИ БРЕ ЕЕЕЕЕЈЈЈ!!!!

Проектот ќе бил финансиран од буџетот на град Скопје.И што ако,па буџетот за рингишпил ли се користи?Нема ли попаметна работа во која може да се пренасочат тие пари?
Еве една моја проста математика:

160.000 евра или 9.840.000 денари.Ако е по 50 ден. картата,потребно е 196.800 луѓе да се извозат за да се поврати инвестицијата.Ако во просек се возат по 30 луѓе одеднаш ,6.560 старта треба да има оваа вртелешка.На толку стартувања незнам колку мотори ќе треба да се сменат.А доколку едно вртење со качување и симнување на луѓето трае 10 минути....мислам дека не вреди да се пресметува бидејќи се ќе оди во бесконечност.

Да се навратам на работниот век на еден електромотор(бидејќи сигурно нема да врти на ветер).
Електромоторот има свој век на траење бидејќи е составен од ротор и статор(и двата се потрошни материјали).Со самото работење (вртење) на роторот, конекциите(четкиците) со статорот се трошат.Овој потрошен материјал,за вакви големини на мотори чини десеткратно повеќе отколку кај најобичен мотор од домаќинството(перална,правосмукалка....).



Не навлегувам повеќе во стручноста на работата на советот на град Скопје,ама може барем малку да се чукнат по своите тикви кога носат вакви одлуки и да размислат дали можеби тие пари може да се пренасочат во други похумани цели.

А за исплатливоста на проектот.....е тоа ќе покаже времето.

No comments:

Post a Comment