Thursday, September 26, 2013

КОЈ ГО УКРАДЕ ЗНАМЕТО ???



Во спорот со знамето помеѓу Македонија и Грција, како најважна причина Грција го наведува крадењето на историја и национални симболи од страна на Р. Македонија. Се работи за симболот попознат како ѕвездата од Вергина пронајдена во 1977 покрај истоименото грчко село. Епа за тоа зошто Р. Македонија има право на ѕвездата од Вергина (Кутлеш) некој друг пат...
 А сега само сакам да Ви покажам кој е вистинскиот крадец.




East India Company (основана 1600) 


 Грчкото знаме (од 1822 па до денес):




Инаку East India Company е англиска (британска) компанија основана со цел трговија со Источна Индија како што кажува и името. Британците своето знаме Union Jack (во случајот со East India Company се работи само за St George's Cross од англиското знаме) го инкорпорираат во горниот лев агол во знамињата на земјите под круната на кралицата. Еве неколку примери.

Знамето на Обединето кралство (Union Jack) и знамињата на Австралија, Фиџи и Бермуда со инкорпориран Union Jack во горниот лев агол:








Од таму пак на грците во 1822 година не им текнувало какво да им биде знамето и си го украле ова. Кражбата е очигледна. Крст во горниот лев агол којшто не е ништо друго туку St George's Cross (крстот на Св. Георги) од англиското, соодветно британското знаме, 9 хоризонтални линии и ништо друго. Разликата е само во боите и димензиите. Што ќе рече практично нема разлика.




.

2 comments: