Sunday, March 17, 2013

Политиката е ... самовила


Извадок од книгата “Тибам Штркот“



Неколку пути до сега, исклучиво од радозналост, сум
покушавал да отворам муабет за политика. Ем не ми иде,
ем немам соговорници. Затоа решив да направам мала
анкета:


• На прашањето кој е премиер на Канада, пет души ми
одговорија различно, а другите пет немаа појма.

• За министри дефинитивно никој нема благе везе.

• Никој не можеше да наброи повеќе од една политичка
партија. А и таа една - повеќето ја утнаа.

• Сите знаеjа дека Канада е једина земја на светот што
нема претседател. Еее, сега ми стана јасно зашто у
официјална визита не се дојдени ни Бате Чире, ни Тхе
Ред Бане, а нема да дојде ни Хорхе Ивано. Нема кој да
ги пречека.

Кутрите испитаници; oд кај јадниве да ги знаат одговорите
на овие прашања кога на телевизија (а и на радио) е со
декрет забрането рекламирање на партии.
Никој не знае ни колкав мерак ме обзема кога листам
новини и часописи, а у нив нема ни трага од политички
реклами, кампањи...
А знаете ли дека никад у историја нa Канада не се десило
на билборди да има нешто друго освен коли и хамбур-
гери... Политичари?... Ар ју факин' џоукин' уит ми!?
Нормално е човек да се запраша – немогуќе е и за избори
да не се рекламираат. Е тука се предавам; се рекламираат
ама на специфичен начин. Секој симпатизер (или члaн
партијe) има можност на строго определено место (на
еквидистанца помеѓу тротоарот и пешачката стаза) да
постави многу малецко билбордченце. Истото се состои од
две жици (добар материјал за пачки за чатал) збрцани у
трава преку кои e навлечена најлон кеса со политичка
порука. Битно е дека ќесата има точно определена
димензија – отприлика 50х30 сантима. На истата е
отштампан и анфас на некој активист у месна заедница.
Правилото вика дека ликот мора да биде насмеан
(пожелно е да му се гледаат зубите), а целиот портрет не
смее да биде поголем од 20х15 сантиметри.

No comments:

Post a Comment